X
 13.06.2020 Живот

Светот го доби првиот градски тивок парк, се планираат уште 50

Националниот парк Јангмингшан во Тајпеј е прогласен за прв официјален градски тивок парк, дефиниран како природна област во или во близина на градот што нуди тивки искуства за жителите.


Паркот опфаќа 11.338 квадратни километри и има повеќе од 4 милиони посетители годишно. Полн е со шумски планини, топли извори, ридови со трева и спектакуларни пеперутки и различни видови птици. Сертификатот за тивок парк го доби од владата на Тајван, како и од непрофитната добротворна организација „Интернационални тивки паркови“ со седиште во Лос Анџелес.


Националниот парк Јангмингшан е идеален за оние што сакаат да пешачат и оние што сакаат природа. Има неколку локации што можат да се посетат, а нудат богата историја, вклучувајќи го и поранешниот планински дом на јапонски принц.

park
Фото: Instagram

Вакви идни градски тивки паркови се планирани во Стокхолм, Њујорк, Лондон, Портланд и на други места, а следуваат уште 50 други во наредните 10 години.


- Секоја личност треба да има пристап до место во природата посветено на тишината во надворешна смисла и смиреноста во внатрешна смисла. Градовите низ светот треба да ги идентификуваат, штитат и да овозможат пристап до природа посветена на тишината - вели Улф Бохман, извршен директор на „Урбанистички тивки паркови“.


Извор: Lonely Planet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот