X
 19.01.2023 Култура

Во која држава се наоѓаат најубавите села на светот?

Светската туристичка организација на Обединетите нации неодамна ја објави својата годишна листа со најдобри туристички села во светот. Секое село беше оценувано според социјалната и еколошката одржливост, како и според туристичката понуда. Интересен е податокот дека секоја земја би можела да номинира по едно село, со исклучок на Шпанија, која има дури три села на листата со најубави и најдобри.

Светската туристичка организација (UNWTO) направи листа која го дава одговорот на тоа кои се најдобрите туристички села во светот. Списокот содржи 32 рурални места кои треба да се посетат следната година. Дури три од најубавите села во светот кои се наоѓаат на листата доаѓаат од Шпанија.

Барселона, Мадрид, Севилја или Валенсија им се добро познати на туристите. Но, Шпанија има многу да понуди, што е потврдено и од листата составена од UNWTO. Дури три шпански села се прогласени за најдобри села во светот за туристичка посета. Така, Шпанија стана првата земја што може да се пофали со најмногу села од сите земји на листата.

Оваа листа е навистина големо отстапување од вообичаените инстаграм-листи. UNWTO се фокусира на одговорен туризам во последните години, па овие села беа избрани поради начинот на кој го зголемуваат бројот на туристи без да биде уништено она што тие доаѓаат да го видат или искусат.

Шпанија е претставена со средновековното каталонско село Рупит, селото Алкезар во планините Сиера де Гуара во Арагон и селото Гвадалупе, познато по својот манастир, кој се наоѓа во регионот Екстремадура.

Рупит

Рупит е шармантно средновековно село сместено во спектакуларна природна средина. Посетителите се најмногу импресионирани од архитектурата затоа што сите градби се изградени од камен, што на селото му дава драматичен и рурален изглед. Особено е интересно да се шета бесцелно и да се откријат скриени катчиња стари неколку века.



Алкезар

Алкезар е место со богато културно наследство. Тоа е мало село со околу 300 жители кое се наоѓа на карпите во Арагон. Се наоѓа во природниот парк Сиера де Гуара, кој нуди многу содржини за љубителите на активни одмори. Популарните активности, освен уживањето во архитектурата на самиот град, вклучуваат планинарење, качување по карпи и други адреналински авантури.



Гвадалупе

Гвадалупе е историско село, исто така прогласено за културно наследство. Составено е од камени улици и традиционални куќи, а збогатено е и со вредни споменици како што е манастирот „Пресвета Богородица“ од Гвадалупе. Ова село е одлична почетна точка ако сакате да ги посетите блиските градови. Едноставните, но многу вкусни оброци, подготвени со врвни состојки, се дел од главните туристички атракции на овој крај.



Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура