Џери Луис е американски актер, комичар, пејач и хуманитарец, познат како кралот на комедијата на златното време на Холивуд. Уште од раната младост се посветил на комедијата, доживувајќи огромен успех.
Луис почина пред неколку години во Вегас, од природна смрт. После него во Холивуд долго време немало комичар што можел да му парира, сè до 90-тите кога се појави Џим Кери. И самиот Луис признал дека Џим Кери е неговиот вистински наследник.
Ова се некои од неговите мудри мисли.
„За оние што сфаќаат, нема потреба од објаснување... За оние што не сфаќаат, ниту едно објаснување не би помогнало“.
„Луѓето ми велат: ’По што сакаш да бидеш запаметен?‘ Не сакам да бидам запаметен. Сакам да слушнам што е добро кај мене сега. Дај ми да слушнам! Во ковчегот не ги слушаш овие пофалби“.
„Ќе живеете дополнителни 10 години ако се насмеете барем еднаш во денот: или испровоцирајте насмевка или погледнете во најлудата лабораторија во светот - јавноста“.
„Земам плата за нешто за кое повеќето деца добиваат казна“.
„Докторот ми рече дека имам подвоена личност. Потоа ми даде сметка од 82 долари. Му дадов 41 долар и му реков: „Обиди се да ги добиеш другите пари од другиот тип“.
„Доста сум успешен во улогата на тотален идиот“.
„Кога се појавувате пред публика, тие се кралевите и кралиците“.
„Сонот на секој маж е да потоне во рацете на една жена, без притоа да падне во нејзините дланки“.
„Опасноста за децата денес се вестите. Држете ги настрана од вестите на телевизија и ќе имате добри и природни деца“.
„Лојалноста тече низ мојата крв, кога ќе ’заклучам‘ некого или нешто, не можеш да ме тргнеш од него бидејќи целосно се посветувам. Тоа е пријателство, тоа е договор, тоа е посветеност. Не давај ми хартија - можам да го изнајмам истиот адвокат што го напишал да го прекрши. Но ако ми подадеш рака, тоа е за цел живот“.
„Добро би било да се сакаш себеси; размисли само колку време ќе поминеш со себеси“.
„Ако си детинест, тогаш ќе останеш млад. Ако ја одржуваш енергијата и ги правиш работите со природна дарба, ќе останеш млад. Но повеќето луѓе ги прават работите без енергија, па нивниот ум атрофира како и нивното тело. Мора да размислуваш младо, да се смееш многу, и мора да имаш добри чувства за секој во светот. Ако немаш, ќе навлезе внатре твојот сопствен отров и тогаш доаѓа крајот“.
„Имам лично мислење и
чувства кон политиката, но не навлегувам во неа, бидејќи веќе се занимавам со комедија“.