X
 11.11.2019 Живот

Арапски изреки - Мирната душа е најудобната постела за телото

Мирната душа е најудобната постела за телото.

„Можно е“ го прашува „невозможно е“: Каде живееш? тоа одговара: Во соништата на неспособните.

Куќа без книги е куќа без душа.

Најлошото што може да му се случи на еден човек е да остане без работа и да не сака никого.

Насмевката е убав збор, без букви.

Немој многу да размислуваш за она што си го изгубил за да не го изгубиш она што го имаш.

Искуството е чешел кој ти го подарува животот кога ќе ти опадне косата.

Срцето е просторија, устата е брава, а јазикот клуч - секој човек нека внимава на клучот од својата тајна.

Можам да ти купам капа, но не и памет.

Јас султан, ти султан... Кој ќе носи вода?

Лесно е луѓето да те ценат, но тешко е ти самиот да се цениш.

Богат е оној кој не е должен, млад е оној кој е здрав.

Некои жени мислат дека бракот е најдобар начин да им се одмаздат на мажите.

Подобро двапати да прашаш, отколку еднаш да погрешиш.

Лесно е да се биде паметен кога ќе помине време.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот