X
 03.08.2017 Живот

Титовата милиција знаеше сѐ поради овој број на личните карти!

Старите лични карти од времето на СФРЈ содржеа еден број за кој повеќето граѓани немаа поим што означува.

На старите југословенски лични карти на дното на првата и на втората страна со црвена боја беа напишани два броја.

Меѓутоа, доколку последната бројка на првата страна се разликувала од бројката што се наоѓала на истата позиција на втората страна, тоа означувало дека лицето било кривично осудувано онолку пати колку што се разликувале двете бројки!

Имено, во поранешната држава, пред сè на милицијата, а потоа и на другите државни институции што имале надлежност да вршат увид во овој документ, веќе на самиот старт им била позната информацијата која ја дознавале преку бројот, без потреба дополнително да се распрашуваат.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот