Југославија беше на пат да создаде нуклеарна бомба, но не се реализира поради предвоената состојба на сиромаштија, вели академик Божидар Матиќ.
Божидар Матиќ бил југословенски министер за наука, односно претседател на Сојузниот комитет за наука и технологија во владата на Бранко Микулиќ.
додека нешто се знае за првата нуклеарна програма која започнала после Втората светска војна, за програмата од 80-тите имаат слушнато само неколку луѓе.
Во втората југословенска нуклеарна програма наводно кодното имет „Сутјеска“ имала компанијата „Energoinvest“.
Кариерата на Божидар Матиќ била неразделно поврзана со оваа компанија на која беше на чело од 1989 до 1993 година.
„Кога започна нуклеарната програма во компанијата, воопшто не бев упатен. Го дознав тоа на чуден начин кога во 1985 година се вратив во компанијата после мојот 4 годишен мандат како ректор на Универзитетот во Сараево. Тогаш ме поставија за потпретседател за истражување и развој. „Energoinvest“ имаше 11 истражувачки центри од кои шест биле според тогашната квалификација, на ниво на институ. Иако пред тоа бев директор на еден од тие институти и соработував со нив, одлучив секој од институтот треба да знае како работат другите“, вели Матиќ.
Како што наведува, во еден дел од зградата на Институтот за теротехника и нуклеарна техника не го пуштале да оди.
„Овде се работи еден проект. Според договорот проектот не може да го види никој освен оние кои имаат дозвола за тоа. Ми кажаа дека не можам да добијам пристап во проект кој се работи во Институтот, па помислив дека е поврзан со војската. Им реков дека не можат како потпретседател од мене да кријат што работат во институтот. На тоа ми кажаа дека се согласуваат и дека ќе бараат да бидам ставен на листата на оние кои имаат пристап до проектот“, вели Матиќ.
Тој признава дека не дочекал да добие пристап за тајниот проект бидејќи Бранко Микулиќ, тогашниот претседател на југословенската влада го повикал во Белград.
„Микулиќ формира нов Сојузен извршен совет во кој се појави нова област која претходно не постоеше на федерално ниво: наука и технологија. Го прифатив повикот и кога работевме на програмата, тука не влезе нуклеарната технологија. Поставивме други цели“, вели Матиќ.
Сепак, како сојузен министер за наука со текот на времето дознал за југословенската нуклеарна програма но како што вели, од „втора рака“.
Југославија во 1980-тите развивала две паралелни програми: програмата А која била насочена кон нуклеарно оружје и програма Б која била насочена кон цивилна употреба на нуклеарна енергија. Во сето ова важна улога играла „Energoinvest#.
„ЈНА се договараше со „Energoinvest“ која потоа договараше со други институции, вклучувајќи го и институтот. Се` беше логички поделено и ништо не се дуплираше. Немаше конукренција меѓу институтите бидејќи не знаеја што прават ниту едните ниту другите. Сето тоа беше во најголема тајност“, објаснува Матиќ.
Во Загреб програмата А била специјално насочена кон развој на неутронски компоненти на бомба. Една група составена од десетина физичари, електрични инженери и техничари од Институтот „Руџер Бошковиќ“ била директно вклучена во проектот. Само двајца од нив ја знаеле вистинската цел на проектот на кој работеле.
Во јануари 1988 година германскиот магазин „Spigl“ објави дека „Руџер Бошковиќ“ со финансиска поддршка од „Energoinvest“ обработува нуклеарен отпад. Иако во статијата било погрешно наведено што било во склоп на тајниот проект, сепак точно е наведена улогата на „Energoinvest“.
„Компанијата беше одлична маска. Во случај нешто да излезеше во јавноста, секогаш можеше да се оправдаме дека станува збор за истражувања за цивилна употреба на нуклеарна енергија. Треба да се каже дека „Energoinvest“ во екот на неговата моќ беше компанија со 44.000 вработени во кој имаше сингерија, индустриски дел, покриваше електроенергетика, процесна опрема, автоматика“, вели Матиќ.
„Сега започнува најчудната работа. Еден ден ми се јавува Бранк Микулиќ и ми вели: - Те молам, дојди на еден деликатен состанок, ќе се укинува нуклеарната програма. Дали знаеш нешто во врска со тоа? Јас му реков дека нешто дознав. На тоа Бранко ми рече дека тоа не може да го прави Југославија, затоа што мораме да одиме во економска реформа, нуклеарната програма е фантазија од некои други времиња“, се присетува Матиќ, додавајќи дека отишол на состанокот.
„Кога пристигнав, беа сите на чело со Велко Кадијевиќ. Бев изненаден на нивниот цивилизиран пристап кога Бранко рече дека Југославија се откажува од нуклеарното оружје. Не се противеа. Кадијевиќ дури и рече дека ние нашите проблеми не можеме да ги решиме со бомба. Подоцна ми падна на памет дека на состанокот не беше генералот Ѕвонко Чанади, еден хрватски генерал во оперативниот дел, човек број еден или два после Кадијевиќ. Можеби не ни знаел за проектот за нуклеарна бомба“, вели Матиќ.
Нагласува дека на состанокот се расправало за практичните проблеми на напуштање на тајната нуклеарна програма.
Сепак, како федерален министер за наука и технологија, Божидар Матиќ имал корист бидејќи преостанатите средства за нуклеарната програма биле префрлени на „Фондот на Матиќ“.
„
Затворањето на нуклеарната програма имаше позитивно влијание врз спроведувањето на стратегијата на технолошки развој на Југославија. 1.5% од тогашниот југословенски БДП влегоа во истражување и развој.
На констатацијата како многу мислат дека југословенската нуклеарна програма била само блеф и дека земја какО Југославија не можела да направи нуклеарна бомба, Матиќ вели:
„Колку само се залажуваат. Тоа е целосно погрешно. Тоа не беше блеф туку сериозна програма за развој на нуклеарна бомба. Прво беа вклучени научни капацитети, и институти. Треба да се има во предвид дека направениот договор со Ирак и Либија за изработка на правење ракети. Што ќе ви е бомба ако немате ракета која ја носи? Прво е потпишан договор со Ирак за ракета до 100 километри која е направена. И таа може да се смета за оперативно оружје, вели Матиќ.