Кога се работи за здравјето, постојат некои бројки кои едноставно треба да ги знаете. Потоа можете редовно да ги проверувате. Ова се неколку од нив :
1. Холестерол
Холестеролот е еден од главните причини за кардиоваскуларни заболувања. Откријте колку треба да изнесува
холестеролот.
2. Индекс на телесна маса
Резултатот произлегува од вашата маса и висина. Колку е поголем индексот, толку е поголем и ризикот за срцеви заболувања, мозочен удар, хипертензија или дијабетес. Проверете колку изнесува вашиот индекс на следниот
линк.
3. Обем на половината
Дали сте знаеле дека доколку вашето тело има „јаболко“ облик кога маснотиите се собираат околу средината, е поризично за вашето срце отколку ако имате „крушка“ облик, кога маснотиите се собираат околу колковите? Измерете колку изнесува вашиот обем на половината и
истражете за можните ризици.
4. Триглицериди
Триглицеридите не се тип на холестерол. Но, високите нивоа на маснотии во крвта се поврзани со срцевите заболувања, особено кај жените. Дознајте дали нивото на
триглицериди во крвта ви е ризично.
5. Крвен притисок
Како што старееме, многу веројатно е да варира и крвниот притисок. Може да доведе од ризик од срцев удар, мозочен удар и слично. Проверете колку изнесува вашиот
притисок и дознајте како да го намалите.
6. Глукоза
Кога вашето тело не може да создава инсулин,
глукозата се таложи во крвта и ги оштетува крвните садови и нерви.