X
 03.08.2018 Технологија

Кој ве следи на „Фејсбук“ и што тоа подразбира?

Следењето на „Фејсбук“ е доста корисна алатка. Ви овозможува, меѓу останатото, да ги следите славните личности и блогери без потреба за испраќање на покана за пријателство. Кога ќе го активирате, на ѕидот ќе можете да ги следите нивните објави, а те нема да мораат да ги гледаат вашите. Оваа алатка „позајмена“ од „Твитер“ е само една во низата алатки што можат да ви помогнат при организирање на прилично непрегледниот „Њуз фид“ на „Фејсбук“.

фб
Фото: Reuters


Како да следите некој на „Фејсбук“?


За да следите некој на „Фејсбук“, потребно е да одите на неговиот профил и да притиснете на стрелката под нивната насловна фотографија и да го притисните копчето „Следи“ (Follow). За да престанете да следите некоја личност, променете го во „Престани да следиш“ (Unfollow). Личноста што сте престанале да ја следите нема да го знае тоа.

Како да дозволите другите да ве следат?

Одете во Settings > Public Posts > Who Can Follow Me > Public (Поставки > Јавни објави > Кој може да ме следи > Јавно). Со ова им овозможувате на луѓето кои не се ваши пријатели на „Фејсбук“ да го следат вашиот профил. На истата страница исто така можете да се поштедите од непријатности со непознати луѓе со подесување на функцијата како „Public Post Comments“ (Коментари на јавни објави) каде избирате дали сакате да дозволите коментари на јавните објави, „Public Post Notifications“ (Известувања за јавни објави) каде можете да управувате со потсетници и „Public Profile Info“ (Информации за јавниот профил), каде избирате кои делови од профилот ќе бидат видливи за оние кои ве следат.

Како точно да одредите што оние што ве следат можат да видат?

Кратката верзија на одговорот е: сѐ што ќе направите да биде јавно. Ова не се однесува само на текстуалните објави, туку и на фотографиите, албумите, видеата, па дури и лајковите.

Секоја објава може да се направи јавна. За да ја промените приватноста на вашите лајкови, одете More > Likes (Повеќе > Допаѓања) и одете во „Маnage“ (Уреди) и изберете „Edit the Privacy of Your Likes“ за да ги промените поставките за приватност на вашите лајкови.

Како да ги отстраните луѓето што не сакате да ве следат?


Наједноставна метода е да ја исклучите можноста за следење. Ако сакате да изберете поединци што сакате да ги отстраните, тогаш изберете ги трите хоризонтални цртички на профилната слика на личноста што сака да ве следи. Кликнете ги. Тамо ќе имате два избори: „Report“ (Пријави) и „Block“ (Блокирај). Ако сакате некому да му забраните да ги гледа вашите јавни објави, тогаш изберете да го блокирате. Личноста нема да може да го види вашиот профил, да ве означува, да ве повикува во групи, да разговара со вас или да ви испраќа покана за пријателство. Ако ве напаѓа вербално, секогаш можете да ја пријавите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија