X
 25.10.2015 Технологија

Трите најголеми промени кои се очекуваат да ги содржи iPhone 7

Помина еден месец откако беше претставен iPhone 6s, а гласините за iPhone 7 веќе почнаа да се појавуваат.

 

1


Најновите шпекулации доаѓаат отккао генералниот директор и научниот аналитичар на американската инвестициска банка Пајпер Џефреј предизвика акциите на Apple да се подигнат за 9%.

Џин Мастер, објави три детални причини зошто очекува дека акциите би имале корист со исчекувањето на iPhone 7 на врвот на листата.

Манстер изјави дека неговите инсајдерски контакти го навеле да мисли дека iPhone 7 ќе донесе цел еден нов дизајн кога паметниот телефон ќе се појави на пазарот следната година.

„Со оглед на промената на циклусот, очекуваме iPhone 7 да има поуникатен дизајн од iPhone 6“, вели тој.

Ова се трите најголеми промени кои се очекува iPhone да ги добие.

 

1


Нема да има копче Home

Ако зборуваме за радикален ремнот на дизајнот, тогаш копчето Home, дефинитивно повеќе ќе го нема.

„Како што многумина шпекулираат, додавањето на 3D touch може да обезбеди елиминирање на копчето Home на телефонот и користење на дополнителен простор за екранот да биде поголем или уредот да биде помал“, вели тој.

Г-дин Манстер напоменува дека ваквиот потег би можел да биде проблематичен бидејќи копчето моментално е интегрирано со TouchID - отпечатоците на читателот кои се користат за отклучување на телефонот и одобрување на купување од App Store.

Сепак, една патентна пријава поднесена од Apple на почетокот на оваа година ја поддржува теоријата за Touch ID сензори за отпечатоци.

Соларното полнење на телефонот веројатно ќе биде најдобро нешто понудено од било која компанија за мобилните телефони.

 

1


Подобрена батерија

Додека Apple направи огромни подобрувања во животниот век на батеријата во претходните модели, Mанстер смета дека најдоброто допрва доаѓа.

„Гледајќи го развојот на Macs низ изминатите неколку години, Apple го подобри траењето на батеријата за својот MacBook. Тоа го постигна преку поефикасни процесори и софтвер. Веруваме дека батеријата е една од најголемите области на потенцијално подобување и она што би можело да се поздрави од страна на повеќето корисници“, вели тој.

 

2


Најсилниот и најмалиот досега

Конечната промена на Манстер е екранот од сафир.

„Apple сега користи сафир на Apple Watch, такашто има смисла да го прилагодат на телефонот. Напоменуваме дека Apple користи посилен алуминум од Apple Watch Sport за iPhone 6S“, вели тој.

Што се однесува до дебелината, се очекува најновиот iPhone  да биде меѓу 6.0 и 6.5 милиметри дебел, што би било потенок од iPot Touch и iPad Air 2.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија