Австриските научници моментално тестираат визија за иднината на семафорите кои ќе знаат кога луѓето сакаат да го преминат патот, па нема да има потреба да притискаат копче на семафорот за забрзување на пуштањето на зеленото светло. Системот што го развиле, а кој австриската компанија „Гунтер Пинчер“ наскоро ќе почне да го тестира на одредени места во Виена, благодарение на интегрираните камери и компјутерската визија, го скенира просторот околу семафорите и може да препознае кога луѓето сакаат да го преминат патот.
Кога пешакот ќе се приближи доволно близу, се испраќа сигнал за промена на светлото, а научниците веруваат дека така ќе заштедат три до четири секунди што инаку се потребни за луѓето да се приближат до семафорот и да притиснат копче на него. Исто така, системот е флексибилен, па ако препознае дека поголемиот број луѓе сакаат да ја преминат улицата, може да го продолжат траењето на зеленото светло за пешаци.
Сè повеќе компании развиваат различни технологии што ги имплементираат во
семафорите и пешачките премини за да ја зголемат безбедноста на пешаците и да ги предупредат возачите дека пешаци ја преминуваат улицата. На пример, за зависниците од паметни телефони во некои градови се поставуваат семафори на тротоарите за да ги предупредат луѓето чиј поглед е залепен за екраните на мобилните уреди. Други градови користат оптички илузии и 3Д-тротоари за да ги предупредат возачите.