X
 09.01.2024 Технологија

Дали вештачката интелигенција ќе предизвика изумирање на човекот, проценуваат експерти

Според нова анкета на 2.778 експерти, нема ризик дека вештачката интелигенција ќе предизвика изумирање на човекот.

Околу половина од анкетираните истражувачи за вештачка интелигенција сметаат дека има 5 отсто шанси луѓето да изумрат поради развојот на вештачката интелигенција.

Околу 10 отсто од испитаниците сметаат дека е можно машините да се подобри од луѓето во секоја можна задача до 2027 година. Половина од испитаниците велат дека тоа е можно до 2047 година.

Од друга страна, дури 68,3 отсто од испитаниците велат дека поверојатно е дека човекот ќе види позитивни ефекти од развојот на вештачката интелигенција отколку негативни.

Сепак, поголемиот дел од испитаниците предупредиле за опасностите од пренесување лажни информации создадени со вештачка интелигенција, манипулација на јавното мислење и создавање опасни вируси.

Учесниците во анкетата се експерти за вештачка интелигенција, но немаат специјални вештини за предвидување, посочуваат авторите на трудот во кој се претставени резултатите од анкетата.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија