Погледнете во некои од најветровитите градови во светот, листа направена со користење на просечната брзина на ветерот.
1. Велингтон, Нов Зеланд
Познат и како „најјужниот главен град во светот“, Велингтон, Нов Зеланд е најветровитиот град во светот со годишно просек околу 30 километри на час. Велингтон се наоѓа во она што е познато како „Река на ветрот“, ветровит коридор меѓу Јужните и Северните Острови на Нов Зеланд.
Во просек, градот доживува 173 денови над 60 километри и 22 дена над 74 километри. И покрај тоа, Велингтон е одлично место за посета, а во 2011 година беше прогласена за 4-та најдобра дестинација од „Lonely planet“.
2. Рио Галегос, Аргентина
Рио Галегос во Аргентина е вториот најветровит град во светот, лоциран на далечниот јужен дел на Аргентина. Не е необично за Рио Галегос да има ветрови кои достигнуваат до 100 километри на час. Просечно, ветровите достгинуваат до 25 километри на час, но декември е најветровитиот месец со ветрови над 50 километри на час.
3. Сент Џонс, Канада
Сент Џонс ги надминува сите други канадски градови во атмосферски рекорди како еден од најветровитите градови во светот. Од големите канадски градови, Сент Џонс има најмногу магла (124 денови), најснежен е (359 сантиметри), највлажен (1.514 милиметри), најоблачен (само 1.497 часа сонце) и секако, најветровит (24.3 километри на час просечна брзина).
4. Пунта Аренас, Чиле
Пунта Аренас се наоѓа близу Рио Галегос. Ова е најветровитиот град во Чиле и еден од најветровитите градови во светот, со просечна брзина на ветерот од 24 километри на час. Најветровитиот месец е декември, додека јуни е најмирниот. Пунта Аренас е еден од најјужните градови во светот и еден од ретките градови кои се под директно влијание на озонската обвивка.
5. Доџ Сити, Америка
Доџ Сити кој се наоѓа во Канзас се смета за еден од најветровитите градови со просечна брзина на ветерот од 24 километри на час. Дури и слабиот снег може лесно да создаде снежни виулици поради силата на ветерот во зимскиот период.