X
 03.08.2022 Технологија

Еве како да ги отстраните препорачаните објави на „Инстаграм“

Може да престанете да ги гледате препорачаните објави на „Инстаграм“ на привремен период. Ова неодамна го открил директорот на „Инстаграм“, Адам Мосери. Како да го направите тоа?

Движете се на почетната страница на „Инстаграм“ додека не наидете на препорачана објава. Притиснете на Х во горниот десен агол. Откако ќе го направите тоа, ќе видите текст кој потврдува дека објавата е скриена. Но, тоа ќе ја отстрани само таа објава.

Во опциите кои ќе се појават потоа ќе има можност за одложување на сите препорачани објави на 30 дена. Кога ќе ја одберете оваа опција, „Инстаграм“ ќе побара од вас да потврдите дека не сакате да гледате препорачани објави во следните 30 дена.

Имајте на ум дека ова нема да го спречи „Инстаграм“ да ви покажува огласи, туку само препорачани објави.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија