Технолошките гиганти како „Фејсбук“ и „Гугл“ веројатно ќе треба да плаќаат за вестите од австралиските медиуми да се споделуваат на мрежите, известува „Блумберг“.
Во предлог закон кој на почетокот ќе се однесува само на „Гугл“ и „Фејсбук“, Австралија сака да ги обврзе компаниите да преговараат со малите медиумски агенции за добивање надомест од приходите кои компаниите ги заработуваат од нивните написи.
Фото: Freepik
Доколку законот стапи во сила, компаниите ќе мора да преговараат со медиумите за споделување на приходите од вестите, а доколку не се постигне договор ќе се води судска постапка, а можни се и казни до 7 милиони долари или 10% од приходите.
Законот предвидува и други правила, како задолжително известување од 28 дена за секоја промена во алгоритмот на компаниите.
Технолошките компании ќе мора и да ги информираат медиумските агенции за податоците кои ги собираат од нивните читатели, меѓу другото и за времето поминато во читање на написите.
Фото: Freepik
Во април, француските власти му наредија на „Гугл“ да започне да дискутира со медиумските агенции за употребата на нивната содржина.
Автор: Шивдип Даливал
Извор:
benzinga.com