Според студија објавена од Европското здружение за кардиологија, не е важна само должината на спиењето, туку и времето кога одите на спиење. По шест години набљудување на навиките на повеќе од 80.000 волонтери, научниците откриле дека групата што легнувала доцна, околу полноќ или дури подоцна, имала најмногу здравствени проблеми, со 25 отсто поголеми шанси да заболат од кардиоваскуларни болести.
Од друга страна, прераното легнувањето нема толку многу придобивки како што се сметало досега. За оние што одат да спијат пред 22 часот, ризикот од кардиоваскуларни проблеми може да се зголеми за 12 проценти. Колку е важно кога ќе легнете, покажала и една студија во Јапонија, спроведена на илјада јапонски работници. Оние што легнувале по полноќ имале поголема веројатност да искусат еден или повеќе симптоми на депресија.
Златниот час
Затоа експертите нагласуваат дека најдобро време за легнување е помеѓу 22 и 23 часот, барем кога е во прашање здравјето на срцето, а тоа го нарекуваат и „златен час“. Токму тоа е временската рамка во која треба да си легнуваме - ни прерано ни предоцна. Недостигот на сон има негативно влијание врз телото, предизвикувајќи замор, влошување на когнитивните функции и поголем ризик од многу болести. Интересно е што и премногу сон не е добро. Затоа, би било идеално да се достигне златната средина.
На возрасните им требаат просечно седум до девет часа квалитетен сон секоја вечер за да бидат во добро здравје. Иако има исклучоци, луѓе што спијат помалку од шест, па и пет часа или спијат околу десет часа, ова е рамката во која спаѓаат 80 проценти од населението.
Важни се и вистинските услови во спалната соба – треба да биде темна и ладна, а важно е да се знае дека е потешко да спиеме по обилен оброк, но и кога сме гладни.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik