X
 18.06.2015 Живот

Што треба да направите пред спиење за да имате подобар сон?

Во животот значителен дел од времето го поминуваме во спиење, а пред одењето во кревет корисно е да направите неколку ритуали кои би ви помогнале квалитетно да се наспиете, и наутро да се разбудите одморени.

Ако имате проблеми со спиењето, ако имате несоница и мака со будењето наутро, обидете се да усвоите некои навики за подобро да спиете и да бидете одморени.

1. Јадете храна богата со магнезиум

Сакате да ставите залак во уста пред да одите во кревет? Обидете се да каснете авокадо, ореви, банана или било која друга храна која содржи магнезиум. Истражувањата покажуваат дека магнезиумот им помага на возрасните кои патат од несоница да спијат подолго и полесно да се будат. Потребниот магнезиум можете да го добиете и со жешка купка во која можете да додадете сол со магнезиум.

2. Ставете ноќна крема

Времето за спиење е корисно во борбата против брчките. Најдобро е да користите ноќни креми кои содржат ретинол, состојка против стареење која е неактивна на сонце.

3. Спијте голи

Само 18% од жените спијат голи, а тоа е добро за здравјето. Гинеколозите советуваат дека е добро да се спие гол бидејќи така ризикот од инфекции е помал. Контактот на вашето голо тело и на вашиот партнер поттикнува производство на окситоцин, од кој се чувствуваме подобро.

4. Земете аспирин

Многу луѓе веќе на дневна база земаат аспирин за да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести. Научниците препорачуваат да се зема аспирин навечер бидејќи делува врз холестеролот кој се произведува додека спиеме.

5. Јадете протеински оброк

Без оглед на тоа во кој дел од денот вежбате, добро е да консумирате јогурт пред спиење. Тој му помага на телото да ги обнови мускулите додека спиеме.

6. Вежбајте

Ако вежбате попопладне, тоа е добро. Истражувањата покажуваат дека телесната температура го достигнува максимумот кога спиеме, а тоа ги опушта мускулите. Истражувањата исто така утврдија дека подвижноста, будноста и функцијата на белите дробови е максимална приквечер, па тоа е најдобро време за вежбање.

Доколку вежбате за да изгубите килограми тогаш најдобро е тоа да го направите рано наутро, а поголемиот дел од истражувањата тврдат дека добро е да вежбате после доручекот.

7. Учете

Се обидувате да запомните презентација? Прегледајте ја пред спиење, тогаш е најдобро време вашиот мозок да утврди, запомни и задржи информации.

8. Слушајте музика

Истражувањата покажуваат дека слушаањето лесна, нежна музика пред одењето во кревет ве прави будни следниот ден.

9. Читајте книга

Доколку читате пред спиење и го замените екранот со книга, тогаш ќе си заблагодарите самите себеси наутро.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот