Дали постои нешто полошо од тоа да лежите во кревет доцна во ноќта и очајно да се обидувате да заспиете? Да, постои, да лежите на тврда земја доцна во ноќта, додека експлозии ја тресат земјата и куршуми летаат во воздухот, а вие очајно се обидувате да заспиете, но не можете. Ова е ситуација за многу војници што се на активна должност. Еве го нивниот метод за заспивање, без оглед на околината.
Трикот првично се појавил во книгата „Опушти се и победи“ на Лојд Винтер. Еве ја приказната во целост.
Фото: DeanDrobot / iStock / Getty Images Plus
Во раните денови на Втората светска војна морнарицата забележала вознемирувачки тренд. Таа ги губела авионите поради тоа што пилотите биле лишени од сон. Тие биле премногу уморни и под силен стрес, па донесувале ризични одлуки и правеле невешти маневри. За да им помогнат, повисоките команданти го зеле Винтер, кој бил експерт за спортска психологија. Тој му пристапил на проблемот со тоа што спиењето го поделил во две различни компоненти: физичка релаксација и ментална релаксација. И двете биле лесни за учење, и по 6 недели практика регрутите во школата за лет можеле да заспијат за помалку од две минути, во 96 отсто од времето - дури и кога имале кофеин во организмот или биле опкружени со снимки од топови и митралези.
Трикот вклучува две фази што звучат лесно, но ќе биде потребна практика за да успеете да ги реализирате. Првата фаза е физичка релаксација - учениците со кои работел Винтер се обиделе да седат на стол. Прво, седнете право со нозете на земја, потоа затворете ги очите и оставете главата да ви падне надолу, така што вашата брада да ви биде потпрена на градите. Следно, вежбајте бавно, редовно дишење. Потребно е да ги опуштите мускулите на вашето тело: олабавете ги челото, јазикот и устата, опуштете ја вилицата. Продолжете да го правите истото со целото тело. Опуштете ги рамената, рацете и продолжете да дишите бавно и редовно. Почувствувајте како вашето тело е цело опуштено на столчето како што го пренесувате релаксирањето на вашите бедра и нозе. Сега фокусирајте се само на дишењето.
Следно доаѓа менталната релаксација, која е малку потешка. За Винтер, клучот е да се замислите себеси во неверојатно релаксирачка ситуација. Тој има три конкретни вежби за да го доведете мозокот во мирно блаженство.
Во првата вежба замислите се во кану за време на топол, пролетен ден. Гледајте во синото небо, облаците и почувствувајте го нежното ветре.
Во втората вежба замислете дека нема светла. Лежите во пријатна лежалка направена од црно кадифе. Се наоѓате во темна соба, а ѕидовите на собата се со кадифе. Насекаде е црно. Почувствувајте како вашиот ум лета со леснотија.
На крајот, третата вежба е еден вид
мантра. Кога ништо друго нема да успее, само легнете и повторете ја фразата во себе: - Не мислам, не мислам, не мислам.