X
 03.09.2016 Економија

Како да се позиционирате кога сакате да ја промените вашата кариера?

Понекогаш се оддалечувате од патот на вашата посакувана кариера. Напредувањата за кои мислевте дека се вертикални, всушност се странични потези. Можеби сте започнале со компанија, а сфаќате дека сте ја згрешиле областа.


Од било која причина може да завршите во
место, од каде што мора да направите пат до кариерата со цел да ги постигнете своите цели. Понекогаш тоа значи враќање назад на патеката до вашате сегашна компанија, а понекогаш тоа значи да се промени компанијата. Но што се случува ако треба да промените индустрии?

Прво:  Започнете ја вашата приказна од почеток со новите вештини
Сите големи кариери започнуваат на самото место, наречено биографија.  Првиот чекор на правење на промена е да напишете ефективна биографија. Промената на кариера во биографијата би требало да ви помогне да бидете чекор поблиску до вратата на новата индустрија и да го втемелите вашето присуство како квалификуван професионалец. Еве неколку совети како да го постигните тоа:

Профил на кариера- Ова често се однесува на крајна цел и на воведната изјава. Многу луѓе ја прават истата грешка со објаснување во оваа секција кон што тие трагаат. Токму спротивното, оваа секција е да ги прогласи вашите силни страни како професионалец и што вие нудите на работодавачот. 
Потенцијалниот работодавач веќе знае дека вие барате позиција во неговата компанија, па затоа терминот крајна цел не се однесува на ова.  Искористете ја оваа секција за да му кажете на работодавачот за вашиот профил на кариера, вашите технички вештини, способности како на ефикасен комуникатор, лидерско искуство, последните обуки, и поврзаните вештини за областа во која транзитирате.

Професионално искуство- Ова е тешкиот дел. Сето ваше професионално искуство се однесува на сосема различно поле, па како да го направите тоа искуство применливо? За почетниците, сметајте да го оставите празно полето за специфичниот опис на работа. Само кажете и го на компанијата одделот во кој сте работеле и времето што сте го поминале таму. Потоа задржете го описот за работното место концизен, но точен и оставете ги информациите кои не се релевантни за новиот кариерен пат. 


Како што објаснува Лиз Рајан, експерт во одделет по човечки реусрси: “Мора да го видите важното значење помеѓу она што сте го правеле досега и она што планирате следно да го правите. Речиси секоја работа има одредени вештини што се преносливи во било која индустрија. Нагласете ги овие преносливи вештини и одбијте да споменете за другите аспекти од позицијата на која не планирате да се навраќате“.


Образование
- Освен ако не сте се здобиле неодамна со релевантен степен на завршено образование оваа секција мора да остане под делот за вашето професионално искуство. Доколку го имате подобрено вашето образование со нови сертификати или степени, што е поврзано со промената на кариерата кон која се стремите да се доближите, набројте ги овие достигнувања подолу, во делот за поранешни образовни достигнувања. Во прилог на листата на степенот на образование или обука, сметајте да наведете со име за вашето академско знаење и релевантните обуки во новата индустрија кон која целите.


Следно: Кажете му на светот
Следното нешто за “резбање“ на вашиот нов кариерен пат е да ја синхронизирате вашата нова виртуелна биографија со вашата глобална мрежа, а тоа е интернетот. Покрај создавањето на виртуелна биографија, вие ќе сакате да бидете сигурни дека на секоја професионална мрежа потенцијалниот менаџер за вработување ќе сака да ве посети. Бидејќи регрутните менаџери го барааат истото нешто, вашиот променет профил во кариерата. 


Испратете ги вистинските пораки до социјалните медиуми
Бидете сигурни дека сте ги примениле промените во вашата биографија до онлајн корисниците. Ова вклучува јавна достапност на профилите на социјалните медиуми како: “Facebook“, “Twitter“, “Google+“ и “Instagram“. Дополнително “LinkedIn“ е моќна алатка за пребарување на работни позиции и за вмрежување на контакти, што расте значително секоја година.

Важно е за сите овие медиуми да имате конзистентна порака. Бројот на работодавачи кои користат социјални медиуми за да ги проверат потенцијалните кандидати порасна за 500 проценти во последната деценија. Голем дел од оваа бројка има поврзаност со големиот број на социјални медиуми кои беа измислени во последната деценија, но сеуште остануваат значајна фигура. Затоа не ја потценувајте моќта на комплетен “LinkedIn“ профил, со добар наслов и добра фотографија.

Бидете онаму каде што се работодавачите
Осигурајте се дека сте ги исклучиле вашите стари квалификации и сте додале нови кои му даваат нов блесок на вашата биографија со подобрена верзија на самите себе, до сите водечки одбори за вработување. Некои менаџери за регрутирање сакаат лична интеракција, па бидете онаму каде што се регрутерите, како на пример на веб страните:  “Monster.com“ или “CareerBuilder.com“. 

Многу специјализации како ИТ и инженерство имаат свои огласни веб страни конкретно за нивната индустрија како што е на пример “Dice.com“, па не бидете срамежливи да ги изберете овие веб страни за да ги претставите промените во вашата биографија. Потребно е да ги споделите промените на вашата биографија со
колку што е можно повеќе онлајн мрежи

Може да сакате да ја промените кариерата од било која причина: сте откриле нова страст, недоволно користење на вештините, потреба за преместување или едноставно разочарување од сегашната кариера.

Ако се пронајдете себеси дека се стремите кон барање на промена на кариерата, добрите вести се дека не морате да започнете од нула.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија