Голем дел од луѓето одвреме-навреме се несреќни и неисполнети на работното место. Меѓутоа, само со труд се стигнува до целта. Доколку ви е потребна инспирација за работа, еве некои цитати од славни луѓе на оваа тема.
- Oди некаде каде што те слават, а не некаде каде што едвај те толерираат - Пол Ф. Дејвис.
- Откриј што најдобро правиш и најди некој што ќе ти плаќа да го правиш тоа - Катарина Вајтхорн.
- Ако можноста не чука, направи врата - Милтон Берл.
- Иднината зависи од она што го правите денес - Махатма Ганди.
- Јас не сум производ на околностите, туку производ на своите одлуки - Маја Вест.
- Можностите не се случуваат, вие ги создавате - Стивен Ковеј.
- Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на своите соништа - Гор Видал.
- Никогаш не е доцна да бидеш она што би можел да бидеш - Стив Џобс.
- Што и да одлучиш да работиш, увери се дека тоа те прави среќен - Нелсон Мендела.
- Секогаш барам сила и самоувереност надвор, но таа е во мене. Таа е во мене цело време - Пауло Коелјо.
- Единствен начин да одбегнеш критика е ништо да не правиш, ништо да не кажуваш и да бидеш никој - Вилијам Џејмс.
- Понудена ти е ракета, не прашувај каде седиш. Само влези во неа! - Елберд Хабард.
- Умот кој станува посилен од новите искуства никогаш не може да се врати на старите димензии - Шерил Сендберг.
- Што и да работиш, биди добар во тоа - Оливер Вендел Холмс Џуниор.
Извор:
Edukacija
Насловна фотографија: Freepik