X
 24.02.2016 Образование

Во Германија ќе се казнуваат шефовите кои бараат прекувремена работа

работодавци

 

Германските синдикалци се на нозе. Бараат од законодавците да го регулираат пазарот на трудот бидејќи работодавците, спротивно на законските одредби, се` повеќе бараат од нив да работат прекувремено.


Резултатите од истражувањето на Здружението на германскиот синдикат DGB, со кое сакале да утврдат колку работниците ги чинат прекувремените часови, покажува дека постои причина за алармантност. Имено, според овие резултати секој трет работник работи повеќе од 45 часа неделно, а 17% работат 48 часа неделно, што е забрането.

Законот во Германија дозволува прекувремена работа, но само во исклучителни и строго дефинирани услови. Наместо тоа, ретко кој вработен се осмелува да го постави ова прашање од страв неговиот работодавец да не се посомнева во неговата „посветеност“ и „пожртвуваност“.

Но, на сите кои работат прекувремено, а тоа се околу 60%, јасно им е дека трпат нивните семејства. Од оние кои работат од 35 до 44 часа неделно, само 28% се жалат на тоа. Синдикатот тврди дека 48% од работниците со особено голем број на работни часови, велат дека не можат да се опуштат дури и тогаш кога се на одмор. Кај работниците кои работат нормално работно време не е забележан висок процент на проблеми со опуштањето.

Проблемот е тоа што дури 32% од оние со голем број прекувремени работни часови, работата ја носат дома. Кога станува збор за заработката по саатница, најлошо заработува „средниот менаџмент“ кој во 44% од случаите работи најмалку 45 часа неделно.

Најлош е туристичкиот сектор кадешто 63% од вработените работат подолго отколку што предвидува законот. После нив се работниците во трговијата, а во банкарскиот сектор и секторот за осигурување работат најмалку.

Синдикатите предупредуваат дека најлошо од се` е тоа што никој не забележува дека работодавците сметаат дека е нормално да се работат толку многу прекувремени часови. Исто така тие ги повикуваат законодавците да ги регулираат работните односи и да наметнат казнени инструменти за работодавците кои на пример на своите вработени ќе им испратат SMS порака во средината на ноќта, а утрото ќе ги казни бидејќи не одговориле на пораката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование