X
 31.07.2024 Наука

Денот нема да трае 24 часа? Месечината полека се оддалечува од Земјата, научниците откриваат што значи тоа

Месечината, нашиот најблизок сосед во Сончевиот Систем, полека се оддалечува од Земјата, што би можело да има значително влијание врз нашиот секојдневен живот. Студија спроведена на Универзитетот во Висконсин-Медисон покажа дека Месечината секоја година се оддалечува од Земјата за 3,82 cм. Според истражувањето, предводено од професорот по геонауки Стивен Мејерс, во далечна иднина тоа би можело да резултира со зголемување на должината на деновите на Земјата.

- Како што Месечината се повлекува, Земјата е како лизгач на мраз кој забавува додека ги шири рацете. Нашата амбиција е да ја користиме астрохронологијата за да го одредиме времето во најдалечното минато и да развиеме многу стари геолошки временски скали - истакнал Мејерс.

Иако ќе помине долго време пред да почувствуваме значителна разлика, со сегашната стапка на повлекување на Месечината, нашите денови за 200 милиони години би можеле да траат 25 часа. Овој процес може да изгледа бавен, но неговите долгорочни последици би можеле да бидат далекосежни.

Покрај ова откритие, научниците неодамна пронајдоа пештери на Месечината кои би можеле да направат револуција во идните патувања и животот на Месечината. Екстремните климатски и температурни услови на површината на Месечината отсекогаш претставувале проблем за експертите кои се обидувале да овозможат живот на небесното тело, но пештерите под површината би можеле да дадат потенцијално решение.

Друга значајна вест доаѓа од неодамнешната експедиција која открила траги од вода во лунарната почва. Овие наоди би можеле да имаат големо влијание врз идните мисии и можноста за долгорочно живеење на луѓето на Месечината.

Извор: vecernji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука