X
 16.06.2018 Наука

Работи што мислителите од Истокот ги откриле векови пред Западот

Претпоставувавме дека сите најдобри научни откритија биле откриени во Европа или во Северна Америка. Но, тоа не е точно бидејќи додека Европа била во мрачна ера, исламските калифати уживале во златната ера на научен напредок, културни достигнувања и економски раст.

Оваа златна доба траела речиси 700 години и влијаела врз секое поле на науката. Била промовирана со многу средства за уметностите и науките и прочистувања во научниот метод, комбинирани со подобри комуникации помеѓу оддалечените научници.

Златната доба завршила по уништувањето на Багдад од страна на Монголите и општиот неинтерес за науката помеѓу 13 и 14 век. Штом заврши исламската златна ера, почна ренесансата во Европа. Со помош на грчките и римските текстови бил сочуван исламскиот свет, па Европа на крајот ги достигнала височините на арапската наука, а подоцна и ја надминала.

Ова не се случило преку ноќ, а во продолжение ви откриваме работи што исламскиот свет ги открил долг период пред Западот.

Помрачување на Сонцето

Додека античките Грци знаеле дека Земјата се движела околу Сонцето, идејата дека Земјата е центар на универзумот почнала да доминира во Римското Царство.

Но во златната ера неколку арапски астрономи почнале да сугерираат дека Сонцето е центар на Сончевиот Систем. Во раниот 11 век Иранецот Ал-Сиџи тврдел дека Земјата ротира околу сопствената оска.

Во Европа, во 1453 година Коперник го дал истиот предлог, користејќи модел на планетарно движење слично на она што веќе било развиено во исламскиот свет.

Нула

Во 813 година персискиот математичар Мухамед ибн Муса ал-Хваризми бил првиот исламски научник што користел хинду броеви во својата работа, вклучувајќи ја и нулата. Исто така, тој објаснил дека човек треба да стави нула на места без вредност. Ова бил огромен чекор напред за математиката.

Ова се случило 150 години пред Европа да почне да ги користи арапските бројки. Тие првпат се појавиле во Кодексот Вигиланус, колекција на црковни документ. Сепак, тука нулата не била вклучена. Бројот што не претставува ништо бил откриен неколку века подоцна.

Еволуција

Додека некои древни грчки мислители претпоставувале дека еден вид може да води потекло од друг, Аристотел го отфрлил овој поим, а западните мислители главно се откажале од идејата за еволуција и природна селекција, дури цели две илјади години.

На Блискиот Исток, Ал-Јахиз предложил дека животните се приспособуваат на нивната природна средина во 822 година. Неговиот аргумент укажува на разбирање на природната селекција што Западот не ја открил уште 980 години, кога Жан-Батист Ламарк предложил слични идеи во Франција.

Машини што се програмираат

Во „Книга на генијални уреди“, напишана од тројца браќа познати како Бану Муса во 850 година, биле опишани сто фантастични машини. Едно од многуте чуда во книгата е роботизирана флејта што користи пареа за да произведува белешки. Ако уредот е правилно приспособен, може да репродуцира специфични песни. Ова е првиот познат опис на  машина што се програмира.

На Западот му биле потребни 954 години за да открие вакво нешто.

Обиди за летање

Додека човештвото отсекогаш копнеело да лета, обидите за тоа во првите неколку илјади години од нашето постоење биле или бесмислени или смртоносни. Тоа не го премислило Абас ибн Фирнас, кој во 852 година создал две големи крилја за себе и скокнал од кула во исламска Шпанија. Но заборавил опашка и си го повредил грбот при слетување.

Сличен обид бил направен и во христијанскиот дел на Европа во 11 век кога монахот Еимер од Малмсбери го направил истото. И тој заборавил опашка, па се соочил со лошо слетување.

Клинички испитувања

Иако сега е очигледно дека контролните групи се потребни во науката, биле потребни неколку века за воспоставување на концептот. Како и другото на оваа листа, Истокот бил прв.

Персискиот лекар Ал Рази, кој има многу откритија под неговото име, го измислил клиничкото испитување во медицината. Неговиот тест бил едноставен, но храбар. Кога ја третирал појавата на менингитис, тој го документирал напредокот на оние што се лекувале со испуштање крв и оние што се лекувале без, и ги споредил резултатите подоцна за да ги подобри идните третмани.



На Западот, по 850 години бил создаден сличен концепт, кога Џејмс Линд го измислил експериментот за да пронајде исхрана што би спречила скорбут.

Законите за рефракција

Додека Законот на Снел е именуван по Вилеброрд Снелиус, првпат бил опишан од страна на персискиот научник Ибн Сал во 984 година, а Алхазен го формализирал во 1021 година.

Снел не го осмислил својот закон до 1621 година и не го објавил за време на неговиот живот. Рене Декарт самиот го открил во 1631 година.

Анестезија

Додека луѓето отсекогаш барале лекови против болки, употребата на лекови за општа анестезија при операција била откриена од Ал Захрави во 10 век. Тој во книгата „Метод на медицината“ ја опишува успешната употреба на сунѓер полн со наркотици поставен под носот на пациентот за да ја спречи болката за време на операција.

Во Европа, Рамон Лаул го открил етерот во 13 век. Сепак, никој немал идеја дека може да се користи за време на операцијата до 1842 година, речиси 900 долги, болни години откако Ал Захрави ја напишал својата книга.

Супермесечина

Дали некогаш сте забележале дека месечината изгледа многу поголема кога е на хоризонтот отколку кога е во центарот на небото? Дали некогаш сте се запрашале зошто е така? Иако биле изнесени многу предлози, предлогот на Алхазен добил најголемо внимание.

Тој во „Книга на оптиката“ објаснил дека кога месечината е на хоризонтот, нашите мозоци користат предмети на земјата за да се обидат да утврдат колку е далеку месечината и со тоа колку би можела да биде голема. Кога е директно над нас, нашиот мозок претпоставува дека е помала отколку што е.

Европа ќе ја добие истата идеја 265 години подоцна кога Роџер Бекон ја проширил работата на Алхазен.

Млечниот Пат

Персискиот астроном Ал-Бируни бил првиот што утврдил дека Млечниот Пат е збир од поединечни ѕвезди, а не некој единствен небулозен објект како што сугерирал Аристотел. Оваа идеја потекнувала од арапската астрономија и исто така била поддржана од неколку други истакнати астрономи.

Во Европа, Галилео дошол до истиот заклучок 500 години подоцна користејќи го својот телескоп. Вреди да се напомене дека додека арапските астрономи сфатија дека Млечниот Пат е составен од ѕвезди, Галилео го докажа тоа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука