X
 14.10.2016 Живот

Местото каде што живееме се отсликува на нашите лица

Lavazza календарот за 2017-та година е претставен под насловот „Ние сме она што го живееме“. Создаден е во соработка со глобалната организација Slow Food, а ги слави „Бранителите на Земјата“ и нивниот симбиотски однос со околината. Секое лице е насликано заедно со крајот од кој потекнува, така што мотивите кои се појавуваат во фотографиите на Денис Рувер претставуваат неверојатно импонирање на карактеристиките на човекот и карактеристиките на природата.


 

 

 


Магичните води на езерото Танјунг во Индонезија како да се исцртуваат на усните од одгледувачите на кафе. Во Шри Ланка пак, палмата Китула се исцртува на лицата на жнеачите на мелоси. Во Индија, илјадници пчели Котагири се испреплетуваат  со лузните и брчките на стариот собирач на цветниот шумски мед. Магијата на “географските лица“ игра важна улога во Lavazza календарот за 2017та година. „Ние сме она што го живееме“, настана преку соработка со Slow Food организацијата, која воздига симбиотичкиот однос помеѓу луѓето и нивните околини, помеѓу „Бранителите на Земјата“ и природата, билките и посевите, велат од Lavazza.

 

 

 


Од Индија до Лаос и Виетнам, од Шри Ланка до Индонезија: Lavazza календарот за 2017-та година, под креативното водство на Арманда Тест, застанува во југоисточна Азија поради третото поглавје на фотографскиот проекти „Бранителите на Земјата“. По сликите на Стив МкКури во Африка (2015) и оние на Јои Л. во Средна и Јужна Америка (2016), францускиот фотограф Денис Рувр ги истражува лицата на азиските „Бранители на Земјата“, исто како што ги истражил и длабочините на околината во која живеат и која секојдневно ја бранат со љубов и енергија. Нивните жртви и посветеност овозможуваат подобрување на животните услови на локалните заедници и борбата против заканувачките климатски промени.



Делумно човечкото битие и делумно природата: Lavazza календарот „Ние сме она што го живееме“ се состои од 12 сетови на фотографии прикажани една со друга. На едната страна е лице на жена или маж, соголено и прикажано во својата суштина и природност. Од друга страна е местото, крајот кој го претставува опкружувањето во кое живеат и природата во која работат. Во Руверовите фотографии, двете половини – луѓето и околината – како да се преклопуваат и се обликуваат една кон друга: секој портрет е сличен на околината, а секоја околина станува портрет.

 

 

 


„Ние сме она што го живееме. Во центарот на Lavazza календарот за 2017та година е физичката врска, симбиоза помеѓу луѓето и нивната околина. Едното не може да напредува без другото“, коментира Франческа Лаваца, член на управниот одбор. “А поврзани се толку длабоко што го делат задоволството, страдањето, лошото време, потта. Во ова трето поглавје на проектот Бранители на Земјата, отидовме во Азија заедно со Slow Food и фотографот Денис Рувер. Туак природата експлодира во целата своја величенственост, а она што јасно излегува на површина е меѓусебниот однос на одбрана и заштита кој ги поврзува земјоделците, одгледувачите и природата околу нив. Тоа е голема поука за сите нас, но пред се повик за почитување и водење грижа за земјата, повик да ја живееме и научиме да ја сакаме“.

 


Lavazza календарот „Ние сме она што го живееме“ е претставен во текот на Terra Madre Salone del Gusto 2016 (Торино, 22 – 26 Септември), единаесетто издание на ова меѓународно случување кое е посветено на виното и храната, а се одржува секоја втора година, одбележува 20 години соработка помеѓу Lavazza и Slow Fooda. Календарот ќе се продава во ограничени количини како би се поддржал Terra Madre, па ќе биде можно бесплатно да се посети изложбата посветена на проектот „Бранители на Земјата“. Тоа е фотографско патување кое преку проектите на Lavazza и Slow Food Presidia ги слави модерните јунаци од земјите на трите континенти, луѓе посветени на хранење на планетата на фер и одржлив начин.

 

 

 


„Постои разлика помеѓу тоа да се живее и навистина да се населува одредено подрачје. Настанувањето има длабоко значење кое го вклучува не само нашиот материјален однос со местото, туку исто така – пред се – и интимната друштвена, културна и духовна врска помеѓу луѓето и нивната околина“, објаснува Карло Петрини, претседател и основач на Slow Food. „Настанувањето значи да се има мал свет во срцето, тоа значи да се грижиш за одржувањето на рамнотежата како би останал убав, чист, хармоничен и удобен. Со проектот „Бранители на Земјата“, ние заедно со Lavazza сме како гласноговорници за многу одлични производи, чии загуби, човештвото и локалните заедници не би можеле да си ги дозволат. Зборувајќи за одгледувањето на кафето во Индонезија, па морската сол или цветниот шумски мед во Индија значи да се зборува за животите на луѓето, за животот на планетата“.

 

 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот