Кадравата коса има поголема улога отколку што мислиме. Таа може да објасни како луѓето во минатото ја контролирале телесната температура и ја задржувале водата во телото, велат истражувачи кои ја анализирале улогата на текстурата на човечката коса во регулацијата на телесната температура.
- Луѓето еволуирале во Екваторска Африка, каде што сонцето пече голем дел од денот и во текот на целата година. Таму скалпот и горниот дел од главата се изложени на многу поконстантни нивоа на интензивно сончево зрачење како топлината. Сакавме да разбереме како тоа влијае врз еволуцијата на нашата коса. Откривме дека ситно кадравата коса им овозможува на луѓето да ја зачуваат ниската телесна температура и всушност штедат вода - изјавила Нина Јаблонски, професор по антропологија на Државниот универзитет во Пенсилванија.
Истражувачите користеле кукли во анализата за да ја проучуваат улогата на косата во регулацијата на телесната температура. Било откриено дека секој вид коса го намалува сончевото зрачење на скалпот, но ситно кадравата коса нудела најдобра заштита од сончевата топлина, притоа намалувајќи ја потребата за потење.
Според истражувачите, луѓето ги губеле влакната од кожата на телото со текот на годините, но веројатно ја задржале косата на главата за да се обезбеди заштита од сончевата топлина.
Извор:
Phys
Насловна фотографија: Pixabay