X
 03.10.2019 Образование

Швеѓаните ја бришат античката историја од учебниците?

Швеѓаните имаат намера да ја исфрлат од школските програми историјата постара од 18 век и учениците да се концентрираат на холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и постмодерниот период од крајот на 20 век.

Нема веќе стар Рим, древна Грција, а нема ни учење за големото шведско царство, најавија од шведскиот Одбор за образование, од каде што предлагаат радикално менување на предметот историја. Швеѓаните планираат повеќе време во образованието да им се посвети на родовите прашања, климатските промени и миграцијата.

Во повисоките одделенија, во кои учат деца на возраст од 13 до 15 години, веќе нема да се предава историја која датира од пред 1700 година.

Предложено е древна Грција, стар Рим и ерата кога Шведска била голема сила (1611-1718) и владеела со земјите околу Балтичкото Море да се избришат од учебниците по историја.

Ревидираните наставни планови се резултат на недостигот од време за учење историја во училиштата, тврдат од Одборот. Учениците од повисоките одделенија мора да се фокусираат на 19 век, со особен фокус на холокаустот, Студената војна и идеите што ја формирале Шведска во повоената ера. Тука се вклучува зголемување на свесноста за родовите прашања, миграцијата и расизмот. Сепак, ќе има доволно време за да се опфати западното ропство и колонијализмот во текот на 18 век и понатаму.

Сето ова предизвика отпор кај професорите по историја.

- Тоа е ужасно, бизарно и апсурдно - вели историчарот Дик Харисон.

Тој истакна дека е принуден да реагира и укажува на фактот дека е потребна древната историја.

- Сè што нè опкружува е наследство од старите Грци - вели Харисон и предупредува дека ако предлогот се реализира, Швеѓаните ќе бидат посрамени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование