X
 03.10.2019 Наука

Вишокот маснотии и холестеролот го следат човекот од дамнина

Научен тим од Универзитетот на Тексас претстави резултати од анализа на древни лешеви од неколку различни места на планетата со една заедничка особина – сите тие луѓе починале од атеросклероза, која им го уништила крвотокот.

Лешевите пронајдени во Јужна Америка и на Блискиот Исток се стари околу 4.000 години. Најмладиот починат имал околу 18 години, а највозрасниот – 55-60 години. Истражувачите откриле посебни супстанции во нивните артериите и така добиле информации за составот на ткивото.

Анализата покажала дека сите пет починале поради огромно количество атеросклеротични наслојки. Ова откритие докажува дека вишокот маснотии и холестеролот во крвта, како заболување, го следат човекот од дамнина.

Засега не е можно да се утврдат причините за заболувањето кај петте трупа. Претпоставките говорат за различни инфекции, но и за генетиката на овие древни луѓе. Атеросклерозата денес може да се појави поради неактивен и нездрав начин на живот или поради неправилна исхрана.

Затоа, ова откритие веројатно покажува, уште еднаш, дека физичките активности и храната се главниот фактор за долговечноста кај луѓето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука