X
 06.10.2022 Здравје

Наскоро ќе имаме апче што ќе ги дава истите ефекти како вежбањето

Наскоро ќе имаме апче што ќе ги дава истите ефекти како и вежбањето.

Научниците сметаат дека напредуваат во развивањето апче кое ги намалува масните наслојки и го има ефектот на аеробно вежбање. Апчето функционира на тој начин што ги таргетира клетките кои се одговори за чување на масните наслојки во телото.

- Исклучително е важно да се разберат молекуларните механизми што се двигатели на корисните ефекти од вежбањето и штетните ефекти на храната богата со маснотии - изјавил Манолис Келис, главен автор на истражувањето.

Сепак, Келис вели дека нема да го добиеме апчето наскоро, па затоа сите треба да продолжат да се хранат здраво и редовно да вежбаат.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје