Ги зедовте ли предвид овие нешта кога последен пат бевте на диета?
1. Мора да јадете маснотии за да ги победите маснотиите
Преголемо консумирање на погрешните маснотии е лошо за здравјето, но диетата што вклучува добри маснотии е добра за здравјето и за линијата. Добрите маснотии се наоѓаат во маслиновото масло, јатките и авокадото. Овие се докажани убијци на мастите од стомакот.
2. Дневна доза на чоколадо е добра за стомакот
Сигурно едвај чекате изговор за да јадете повеќе чоколадо. За да се ослободите од мастите, еве еден трик: Јадете многу какао, но малку шеќер. Какаото содржи повеќе антиоксиданси отколку другите продукти и добро е за многу работи, меѓу кои и губење на тежината.
3. Кажете „да“ за млечните производи
Митовите велат дека млечните производи се лоши за тежината, но науката докажува дека тоа не е точно. Истражувањата докажале дека оние што имаат недостиг на калциум имаат повеќе маснотии и помалку го контролираат апетитот. Освен тоа, едно истражување покажало дека дневното внесување калциум со малку масти е поефективно за губењето на тежината.
4. Вежбањето не е доволно
Немојте да мислите дека може да јадете што било сè додека вежбате редовно. Вежбањето, без диетата, води до бавно зголемување на телесната тежина!
5. Заборавете го долгото вежбање
Најдобар начин за горење на мастите е вежбањето во интервали. Истражувањата покажуваат дека долгото вежбање не е толку ефективно како и стратегиското вежбање во повеќе интервали.
6. Телевизијата е во ред, но нека биде нешто смешно
Телевизијата не е ѓаволот кој ја предизвикува дебелината, како што многумина зборуваат. Точно е дека не треба да седите пред телевизорот цел ден, но доколку седите на каучот во слободно време и гледате нешто што ве забавува, тоа може да има позитивен ефект врз тежината. За еден час смеење се трошат до 120 калории.
7. Секој шеќер не е штетен
Медот ја намалува тежината и е многу здрав. Тој може да ја подобри контролата на крвниот притисок и го зајакнува имунитетот.
8. Недостигот на сон може лошо да влијае врз тежината
Должината на спиењето директно влијае врз телесната тежина. Едно истражување покажало дека луѓето на диета што спиеле 8 и пол часа изгубиле 56% повеќе тежина отколку оние што биле на истата диета и спиеле 5,5 часа.