Не постои потешка работа на светот од тоа да оставите топол кревет во дождливо утро.
Штом дојде есента, деновите се пократки, температурите паѓаат, а капките ја создаваат најубавата приспивна песна додека паѓаат на прозорецот од спалната соба. А ако сето ова е придружено со громови, нема поубава природна приспивна песна.
Ако имате проблеми со функционирањето кога врне и ако сакате да поминете дождлив ден под ќебе во слатки соништа, не грижете се, не сте сами.
Истражувањата потврдија дека повеќето луѓе го имаат истиот проблем, а науката објаснува зошто ни се случува тоа.
Едноставно кажано, нашите тела се во хармонија со природата. Деноноќниот ритам е таканаречениот природен часовник вграден во нашиот мозок. Ги контролира биолошките процеси како што се спиењето и апетитот и тешко е да се борите со него.
Луѓето имаат полошо расположение кога врне
Биологијата е полна со објаснувања зошто сме толку поспани кога врне. На пример, науката постојано потврдува дека постои врска помеѓу временските услови и нашата емоционална состојба.
Истражување од 2011 година потврди дека 9 отсто од луѓето побрзо се лутат кога врне дожд, а истите животни ситуации нема да ги вознемират до тој степен во сончеви денови.
Оваа ситуација е поврзана со ултравиолетовата светлина или нејзиниот недостиг. Како и повеќето живи суштества, на луѓето им е потребна светлина за да функционираат. Докажано е дека сончевата светлина го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата, кој ни недостига во текот на дождливите денови.
Фото: Freepik
Исто така, придушеното светло ја поттикнува епифизата да произведува мелатонин, хормон што го регулира деноноќниот ритам. Кога мелатонинот се зголемува, природно сме поспани. Затоа луѓето што патат од несоница го користат овој хормон како терапија.
Виновникот за нашата поспаност кога врне е влажноста. Во деновите кога дождот го прави воздухот тежок и леплив, влажноста може да биде исцрпувачка за механизмите што ги користи телото за да се олади, вели д-р Мишел Дреруп, директорка на бихевиоралната медицина за спиење во Клиниката во Кливленд.
Објектот што мирува останува во состојба на мирување. Ако одлучиме да гледаме „Нетфликс“ затоа што врне, нема да направиме ништо за да го елиминираме чувството на поспаност, вели д-р Дреруп, а ќе бидеме уште поспани и полетаргични.
Доколку секојдневните обврски ни дозволуваат да го поминеме така денот, треба да го прифатиме тоа и да уживаме во него.
Како да го победите ова расположение?
Доколку сè уште не можете да си го дозволите овој луксуз, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го победите ваквото расположение.
Кратка физичка вежба е најдобриот начин да се победи поспаноста што ја предизвикува дождот.
Ако се чувствувате поспани на работа, тргнете се од работната маса, прошетајте и разговарајте со колегите. Најдобар начин е да прошетате со колега неколку минути, со разговор и кафе. На овој начин брзо и лесно ќе го искорените тешкото чувство.
Поминете време надвор. Без разлика што е облачно и мрачно, светлината сепак позитивно ќе ви влијае. Излезете на тераса и одвојте неколку минути за да дишете свеж воздух. Затворена и темна соба е вашиот најголем непријател.
Извор:
ddl.rs
Фото: Freepik