X
 06.12.2023 Технологија

Стартап создаде уред кој овозможува да работите додека спиете

Технолошка стартап-компанија „Профетик“ нуди необичен уред кој овозможува да работите додека спиете. Станува збор за уред кој се става на главата и може да поттикне таканаречени луцидни соништа, односно соништа во кои сте свесни дека сонувате, а може да ги контролирате.

„Профетик“ има цел корисниците на уредот да бидат продуктивни додека сонуваат со тоа што ќе ги контролираат соништата и ќе завршуваат активности додека спијат. Според основачот на компанијата, Ерик Волберг, на овој начин би можеле да вежбате говор, да решавате математички задачи и многу повеќе.

Уредот е дизајниран од Афшин Мехин, кој работел и на мозочен имплант за компанијата „Невралинк“.

Тој функционира на тој начин што ослободува фокусирани пулсирања на ултразвучни бранови директно во регионот на вашиот мозок поврзан со луцидни соништа. Исто така, тој ги таргетира регионите вклучени во процесите на донесување одлуки, така што кога ќе се предизвика луцидна состојба, на корисникот му се овозможува контрола.

Сепак, некои експерти се скептични за ефективноста на уредот, а науката нема дефинитивни теории за ваквата технологија.



Извор: Futurism
Насловна фотографија: X
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија