X
 20.06.2016 Живот

Разоткриени митови поврзани со спиењето на бебињата

Кога имате бебе дома, се чини дека се' се врти околу неговото спиење - и секој ви дава совети како треба да се одвиваат работите. Но, голем дел од овие совети се погрешни, вклучувајќи ги и овие популарни митови за сонот на бебето.

 

бебе


Мит 1: Никогаш не треба да го разбудите бебето додека спие.

Вистината: Сигурно ова сте го слушнале илјадници пати, но не верувајте. Во првите неколку недели, вашето бебе треба да јаде на два до три часа. Па, може да треба да го будите за да јаде, вели педијатарот Тања Ремер Алтман, авторка на книгата „Mommy Calls“. Важно е бебето да добива соодветна количина на храна, такашто во ред е некогаш да го пробудите за да јаде. Но, што новороденчето ќе ја врати тежината од раѓањето, можете да го оставите да спие колку што сака навечер без да го будите, само бидете сигурни дека се храни доволно често во текот на денот.

Мит 2: Перничињата за заштита од решетките на креветчето ќе го заштитат бебето

Вистината:
Можеби се чини како перничињата за решетките да се одлична заштита за бебето, тие можат да претставуваат потенцијална опасност бидејќи тие можат да претставуваат ризик од задушување. Бебињата можат да се тркалаат и да се заплеткаат во овие перничиња.

Мит 3: Кога бебето спие, се' треба да биде тишина

Вистината:
Да, можеби ќе ви треба тишина додека бебето заспие, но повеќето новороднчиња всушност сакаат бучава во позадина, како на пример звукот на вентилатор. За нив ова може да биде удобен и познат звук, бидејќи постојано слушаат врева додека се во стомакот, вели Алтман. Ако имате проблем да го смирите бебето и да продолжи да спие, обидете се со полесна врева или звук кој ќе му помогне да спие.

Мит 4: Бебето треба да спие во текот на ноќта во текот на 12 недели

Вистината:
Да, ова би било убаво, но малку е нереално очекување. Ако имате бебе кое јаде добро во текот на денот, со доследна рутина и ако имате малку среќа, тогаш вашето бебе ќе спие во текот на 12-те недели, вели Алтман. За сите останати кои имаат помалку среќа, бебето може да не спие во текот на ноќта, и тоа не значи дека правите нешто погрешно. Но можете да направите нешто за да го охрабрите бебето да спие подолго: воспоставете кратка, смирувачка рутина на спиење која ќе му овозможи на вашето бебе да заспие само (без да го нишате за да заспие) и откако ќе заспие, немојте да трчате во собата со секој шум што ќе го направи - бебето ќе треба да се научи да заспива само. Ако сте доследни, ќе ја зголемите веројатноста вашето бебе да спие шест до осум часа навечер, на четири месеци.

Мит 5: Легнувањето подоцна ќе го спречи бебето да се буди многу рано

Вистината:
Би било ова убаво, нели? Иако изгледа логично, сепак ова секогаш завршува лошо. Еве зошто: ако го држите бебето будно до доцна во ноќта, ќе го уморите, а кога бебињата се уморни, за нив е уште потешко да заспијат. Ако сакате вашето бебе да спие повеќе наутро, тогаш легнете го порано. Ставете го да спие 30 минути порано отколку вообичаено. Ќе видите дека ќе започне да спие до подоцна наутро.

Мит 6: Во ред е да го оставите кучето да спие во собата

Вистината
: Американската академија за педијатрија препорачува никогаш да не го оставате бебето само со кучињата - и ова вклучува и спиење на кучето во собата. Причината: околу 600.000 деца се каснати од кучиња секоја година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот