Јутјуберот Џејмс Стивен Доналдсон, познат како Мистер бист, минатата година спроведе морничав експеримент.
Имено, тој одлучил да помине седум дена жив закопан 2 метра под земја, а за време на експериментот, како што вели, освен со физички се соочил и со психички последици.
Специјално опремениот ковчег имал осветлување, кислород, јутјуберот со себе носел храна, пет литри вода, дури и мали тегови за да спречи атрофирање на мускулите.
Сега, јутјуберот смисли уникатна понуда: тој нуди 700.000 долари за тој што ќе помине 24 часа под земја во ваков ковчег. За предизвикот се пријавил Мак, кој камерите детално го следеле почнувајќи од влегувањето во стаклениот ковчег, преку закопувањето, а потоа неговата стратегија за надминување на клаустрофобијата.
Мак носел паметен часовник кој му го следел пулсот, но без да го гледа времето, бидејќи тоа бил еден од условите.
На младиот човек му биле дадени одредени инструкции, на пример, да го влече јажето со ѕвоното доколку сака веднаш да биде откопан.
Мак имал јасна стратегија: - Ќе се обидам да останам буден два часа, потоа ќе спијам 10 часа, а потоа сум на половина пат низ предизвикот и можам да го направам тоа двапати - објаснува тој на „Тик-ток“.
Првата задача била да направи побрзо му помине времето. Меѓутоа, неговата перцепција за тоа колку време поминало всушност била сосема погрешна.
- Да се биде во овој ковчег е страшно. Колку подолго останувам, толку е пострашно - рекол младиот човек пред да го повлече јажето со ѕвончето.
Кога го откопале, го дознал точното време кога бил закопан. Тој останал под земја подолго од предвиденото и на крај излегол побогат за 700.000 долари.
Извор:
b92.net
Фото: Screenshot/Facebook