X
 21.01.2019 Живот

Стампедо, онесвестени деца и искршени излози во трговски центар во Нови Сад - поради јутјубер!

Најмалку две деца се онесвестиле во стампедо што се случило за време на гостување на популарниот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, во трговски центар во Нови Сад, Србија.

Според изјавите на присутните, голем број деца биле во трговскиот центар и буквално направиле опсада во ходниците, сакајќи што побрзо да дојдат до јутјуберот, кој требало да настапи во 16 часот.

Популарниот јутјубер почекал организаторите да му јават дека е безбедно да настапи, а за тоа време некои деца почнале на социјалните мрежи да објавуваат фотографии направени со него во тоалетот.

Другите деца го виделе тоа и се стрчале кон тоалетот, викајќи, кршејќи излози, а неколку од нив и се онесвестиле.

Фото: 021.rs

Интервентната полиција морала да го евакуира објектот.

Неофицијално, на гостувањето на јутјуберот имало повеќе од илјада момчиња и девојчиња, а настанот бил за деца на возраст од 5 до 12 години.

Фото: 021.rs

Поради тоа што децата целосно го опколиле, јутјуберот морал да излезе преку задниот влез со полициска придружба.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот