X
 03.11.2018 Живот

Ова се најбезбедните авиокомпании на светот

Општо познат факт е дека некои авиокомпании се побезбедни од други. Меѓутоа, многу луѓе се убедени дека секоја авиокомпанија доживеала барем едно рушење на авион, иако тоа не мора да е вистина. Британски „Телеграф“ објави истражување за компаниите што работат без забележан пад на авион.

„Хаваијан ерлајнс“ лета од 1929 година и од своите почетоци немал фатални несреќи.

„Изи џет“ постои од 1995 година и оттогаш не е пронајден ниеден проблем со авион и ниеден авион на оваа компанија се нема срушено.

Првиот авион на компанијата „Рејнар“ полетал во 1985 година и во своите 33 години постоење имало само едно принудно слетување во Рим откако птици влетале во моторот, носот и крилата на авионот.

„Бритиш ервејс“ своите почетоци ги бележи во далечната 1974 година и оттогаш оваа компанија имала само еден инцидент во кој нивниот авион се приближил до авион од Словенија на небото над Загреб. Оваа компанија од 1985 година немала ниедна несреќа и спаѓа во 20. најбезбедни авиокомпании.

„Катар ервејс“ лета од 2004 година и ниеден авион на оваа компанија се нема срушено, но два се запалија - еден во 2007, а друг десет години подоцна.

Според страницата „Плејн краш инфо“, постојат 42 авиокомпании што никогаш не доживеале пад на авион, а на првото место е „Ер Берлин“, потоа „Ер Европа“ и „ЕрТрејн ервејс“.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот