X
 08.10.2016 Култура

Зошто во некои авиони го нема редот 13?

Дали некогаш додека патувате со авион сте забележале дека некои авиокомпании имаат, а други немаат 13 ред со седишта? Може да се изненадите од причините што ќе ги прочитате зошто е тоа така.

Авиокомпаниите низ светот што не нудат 13 ред се малубројни, а во листата спаѓаат: Air France, Iberia, Ryanair, Air Tran, Continental Airlines и Lufthansa. Дел од нив не ни знаат кога и зошто била предвидена таква промена во политиката на компанијата, додека други имаат многу интересни објаснувања.

Alaska Airlines, авиокомпанија стационирана во Сиетл, во својот „возен парк“ има авиони со и без 13 ред за седење. Alaska одлучила да нарача авиони од марката Boeing 737-800, а благодарение на откажувањето од страна на други превозници, Alaska била во можност да ги купи првите два авиони директно од производната линија. Меѓутоа, поради краткиот временски период, од компанијата не можеле да направат специјален дизајн на кабината, како што е вообичаено редот.

За да го задржат истиот изглед, Alaska продолжиле да нарачуваат од истата марка авиони без 13 ред, притоа потенцирајќи дека не станува збор за никакво суеверие.

За разлика од нив, Ait Tran не нуделе 13 ред за седење, бидејќи патниците јасно изразиле желба дека не сакаат да седат во тој ред. Но, тоа се променило откако со овој превозник се стекнала авиокомпанијата Southwest Airlines, кон крајот на 2011 година. Тие најавиле дека ќе го реконфигурираат распоредот на седиштата во авионите на Air Tran штом ќе го преземат овој превозник, а тоа значело и вклучување на 13 ред со седишта.

Има авиокомпании кои бројот 13 го сметаат за несреќен. Таков е превозникот Lufthansa од Германија. Во нивните авиони нема 13, но и 17 ред со седишта. „Причината е што бројот 17 се смета за несреќен во Италија и Бразил“, изјавуваат од компанијата.

И Continental Airlines немаа 13 ред со седишта. „Пред многу години, некој одлучил дека во нашата флота нема да има 13 ред. Ние, сепак, сакаме да бидеме конзистентни на досегашната практика при набавувањето нови авиони“, рекоа од Continental Airlines.

Со спојувањето на United Airlines и Continental, „исчезна“ 13 ред и во флотата на United Airlines, откако двата превозници одлучија да го усогласат бројот на седиштата и редовите во новиот бренд.
   
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура