X
 06.01.2020 Живот

Тајни што пилотите нема да ви ги кажат

Пилоти од САД се согласиле да дадат едноставни одговори за правилата за безбедност при летање, доцнењата на летовите и сите проблеми со кои се соочуваат. Што, всушност, се случува таму?

Она што сакаат да го знаете 

„Некои правила не ги разбираме ни ние. Како, на пример, фактот дека на илјадници километри во воздухот со огромна брзина во авион кој може да помине низ потреси секој момент стјуардесите можат да шетаат наоколу и да служат топло кафе. Но, кога сме на дното, на асфалт и се движиме со мала брзина, тие мора да бидат заврзани и седнати.“

 „Има многу аеродроми со многу кратки писти и мирното слетување е невозможно, без разлика колку добар пилот сте.“ 

„Ова се случува постојано: Се наоѓаме во еден град и треба да полетаме за друг, но летот доцни поради временските услови. Времето во двата града е прекрасно. Луѓето постојано ме прашуваат зошто не тргнуваме, како да има некоја теорија на заговор за нив. Всушност, во воздухот помеѓу двата града има огромно невреме.“ 


„Најчесто, слетувањето е показател на способностите на пилотот. Доколку сакате да му кажете нешто учтиво на пилотот кога излегувате од авионот, кажете му: „Одлично слетување“. Го цениме тоа.“ 

„Авиокомпаниите го адаптираат времето на пристигнување за да бидат подобро организирани. Затоа, можеби ќе кажат дека летот трае два часа, а всушност тој трае 1 час и 45 минути.“ 


Она што тие не сакаат да го знаете 

„Постојано сум под притисок да носам помалку гориво отколку што сакам. Понекогаш дури и кога има доволно гориво и авионот ќе наиде на невреме, мора да се бара алтернативен аеродром.“ 


„Понекогаш агенцијата не ни дава паузи за ручек или време за јадење. Може да доцниме со летовите само за да купиме храна.“ 


„Секогаш на патниците им го кажуваме она што треба да го знаат. Не им кажуваме работи што ќе ги исплашат. Никогаш нема да ме слушнете како им кажувам на патниците дека еден мотор откажал, дури и кога тоа е точно.“ 


„Всушност, преморени сме. Според правилата за работа, треба да работиме 16 часа без пауза. Тоа е многу повеќе од работното време на возач на камион, а тој секогаш може да застане доколку не му е добро.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот