X
 31.01.2021 Живот

Зошто комерцијалните авиони немаат падобрани?

Дали некогаш сте се запрашале зошто комерцијалните авиокомпании немаат падобрани? На прв поглед се чини дека тоа би било добро за безбедноста при летањето. Од практична гледна точка, падобраните на авионите би биле скапи и неефикасни, но и опасни.

За почеток, освен што се скапи, падобраните би ја зголемиле тежината на авионот, што значи дека би било потребно повеќе гориво за летањето и летовите би биле поскапи. Освен тоа, комерцијалните авиони не се дизајнирани за скокање со падобрани, но дури и да се, сите патници би требало да бидат обучени за користење падобран.

Следен проблем би биле временските услови бидејќи понекогаш се случуваат несреќи при лоши временски услови и затоа летањето со падобран би било опасно.

Конечно, авионите летаат на голема височина и со голема брзина, па секој што би скокнал од нив би бил повлечен од авионот и би се удрил во него поради брзината.


Автор: Лукиа Пападопулос
Извор: interestingengineering.com
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот