X
 07.02.2019 Живот

Фустан на Мерилин Монро на аукција за 100.000 долари

Црн фустан на познатата холивудска актерка Мерилин Монро е ставен на аукција.

Вредноста е во тоа што таа го носела во 1954 година на прес-конференција, на која го најави разводот од бејзбол-играчот Џо Димаџио, помалку од една година по венчавката.

На наддавањето закажано за 30 март аукциската куќа „Крас ГВС“ очекува фустанот да достигне цена меѓу 100.000 и 150.000 долари.

Мерилин Монро и Димаџио стапија во брак во јануари 1954, а глумицата како причина за разводот, кој беше финализиран наредната годинa, ја наведе „психичкото тормозење“.

Љубовно писмо што Димаџио ѝ го напиша на Монро по конференцијата беше продадено на аукција во 2014 година за 78.125 долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот