Македонскиот тим кој се натпреваруваше на 30. Балканската олимпијада по информатика (БОИ 2023) во Марибор, Словенија, се враќа со една бронза и една пофалница. Бронзениот медал го освои Дамјан Давков, а пофалницата Софија Велковска, соопштија од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).
Олимпијадата започна на 29 октомври, а завршува денеска. Освен Давков и Велковска, на Олимпијадата учество зедоа и Марко Петров и Благој Рујаноски Стојановски.
Фотографии: ЗИМ