Македонскиот тим освои бронзен медал на втората Европска олимпијада по физика што деновиве се одржа во Москва. Медалот го освои Александар Иванов од Свети Николе, средношколец во приватната гимназија „Јахја Кемал“ во Бутел.
Александар Иванов, освојувачот на медалот
Со него на Олимпијадата учествуваа неговиот соученик Мартин Ристовски од Македонска Каменица и Иван Јовановски од Скопје, од истоимената гимназија во Карпош, предводени од менторите д-р Ирина Петреска и д-р Виктор Урумов од Институтот по физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Друштвото на физичарите на Република Македонија, кое ги подготвува учениците за меѓународните олимпијади.
На доделувањето на медалите присуствуваше и нашиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов. Ученикот Иванов и лани освои бронзен медал на Меѓународната олимпијада по физика. Се очекува утре тимот да се врати дома.
На доделувањето на наградите