X
 29.04.2022 Образование

Златен медал за четворица средношколци на Македонската математичка олимпијада

Сојузот на математичари ги објави конечните резултати од 29. Македонска математичка олимпијада, според кои, 21 ученик од средното образование и деветтоодделенецот Дамјан Давков успеале да освојат медал.

Притоа, четворица ученици се закитиле со златен медал. Тоа се Никола Спировски, кој е втора година и има најмногу поени, вкупно 33, Јасна Илиева, која е четврта година, Блаже Суклевски, кој исто така е четврта година и Алексиј Тасиќ, кој е прва година.

Второто место го делат шест ученици, од кои четворица се втора година, еден е трета, а најмалиот е Дамјан.

Бронзен медал зеле 12 ученици.

Од СММ истакнаа дека учениците, заклучно со 11. место, се квалификувани за тест за Интернационалната математичка олимпијада.

Тестот за избор на македонската екипа за ИМО 2022 ќе се одржи викендот 21-22 мај во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

резултати математика
Фото: СММ (за поголема резолуција, кликнете на фотографијата)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование