X
 03.11.2023 Живот

Ова е најгледаната епизода од серијата „Пријатели“: Ја гледале 53 милиони луѓе

Светот се збогува со Метју Пери, а серијата „Пријатели“ во која тој го глумеше Чендлер има милиони обожаватели.

Серијата собори рекорди на гледаност, а најгледната епизода на „Пријатели“ во една вечер ја изгледале 53 милиони луѓе.

Станува збор за епизодата „Онаа по Супербоул“, од втората сезона. Епизодата беше премиерно прикажана на Ен-би-си на 28 јануари 1996 година, како вовед во Ен-би-си за Супер боул.

Во епизодата учествуваа многу актери-ѕвезди, меѓу кои Брук Шилдс, Крис Ајсак, Џулија Робертс, Жан-Клод ван Дам, Фред Вилард и Ден Кастеланет.

Со 52,925 милиони гледачи и удел од 47 отсто од публиката ова беше најгледаната епизода од серијата и најдобро оценета програма за отворање на Супер боул на сите времиња.

Епизодата го следи Рос, кој дознава дека неговиот поранешен миленик - мајмунчето Марсел добило улога во филм што се снима во Њујорк.

Во истата епизода Чендлер ја запознава неговата стара пријателка од детството Сузи (Џулија Робертс), со која има интересно минато. Всушност, кога биле во основно училиште, Чендлер ѝ го подигнал здолништето додека Сузи била на сцената, па сите ѝ ги виделе гаќите.

Тие се договараат да одат на вечера, а Чендлер не знае дека станува збор за одмазда.

 

Извор: bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот