Фото: НВО
Џорџ Р.Р. Мартин е познат по тоа што вметнува ситни, на изглед неважни детали во своите приказни. Токму и затоа сакаме да ги читаме неговите дела „Песна за мраз и оган“ како и да ја гледаме серијата „Game of thrones“.
Сега се чини дека баш еден ваков, на изглед неважен лик би можел да крие многу тајни случувања стари илјадници години. Станува збор за Олд Нан, дадилката на децата од семејството Старк и негувателката на Брен додека тој се опоравувал од повредите во првата сезона од серијата.
За време на опоравувањето на Брен таа му раскажувала многу приказни, а една од нив е и таа за готвачот Стаорец. Според легендата, тој е готвач во „Night's Watch“ кој го убива синот на принц кој е во посета на „Night's Watch“ и го приготвува како пита за принцот.
„Не го проколнаа боговите за убиството, туку за кршење на правото на гостинот. Секој има право на одмазда, но тој уби гостин под свој покрив, а тоа е нешто што боговите не го простуваат“, му раскажува дадилката на Брен.
Подоцна Арја му направи нешто слично на Волдер Фреј како одмазда за Црвената венчавка.
Дадилката му рекла на Брен дека тоа не е нејзина приказна. „Приказните постојат, постоеле пред мене, а ќе постојат и после мене. Постоеја дури и пред тебе“, таа му рече на Брен. Со тоа, таа имплицира нешто што и Триокиот гавран подоцна му кажа на Брен: „Минатото е запишано. Мастилото е исушено“. Сето тоа дава навестување дека во приказните на Мартин е невозможно да се измени иднината, но и минатото.
Сето ова покажува дека Брен во патување низ времето ќе помогне во изградбата на Големиот ѕид во северниот дел на Вестерос. „НВО“ дополнително ги поттикна гласините објавувајќи слика од Брендон градителот, архитектот на ѕидот, како го носат на носилки. Се чини дека Градителот е парализиран - знак кој вели дека станува збор за еден ист
Брендон. „Еднаш, неговата мајка му раскажуваше дека дадилките на сите Брендон Старк, станаа една иста личност“, пишува Мартин.