X
 24.06.2024 Забава

Откажана серија на „Нетфликс“ можеби ќе се врати по пет години од нејзиниот ненадеен крај

Популарната серија на „Нетфликс“ која остави многу отворени прашања, можеби ќе се врати со втора сезона. Пет години по ненадејниот крај, отворени се преговори за снимање на новата сезона на серијата „Општество“ („The Society“), која се појави во 2019 година.

Американската мистерија од десет дела ја следи приказната на група тинејџери кои мора да научат да водат сопствена заедница, откако остатокот од населението во нивниот град ќе исчезне.

Мистеријата започнува кога учениците од локалното средно училиште во Конектикат се враќаат дома рано од откажана екскурзија и ќе сфатат дека сите други исчезнале. И како работите да не можат да станат побизарни, почнува да се појавува густа шума која целосно го опкружува градот, додека надворешниот свет не може да се контактира преку телефон или интернет. Како резултат на тоа, тинејџерите се принудени да измислуваат свои правила за да преживеат, со екстремно ограничени ресурси.

Во серијата играат млади актери, вклучувајќи ги Кетрин Њутн, Гидеон Адлон, Шон Берди, Наташа Лија Бордицо, Жак Колимон и Оливија Де Јонг.


- Ова не беше нормално откажување. Не се работи за тоа што немаме публика или дека не веруваме повеќе во проектот. Имаше глобална криза што ги промени нашите животи за една година. Постојано сум во разговори со писателите и Марк Веб (извршен продуцент) за тоа како да ја вратиме серијата. Сѐ уште немаме одговор, но публиката дефинитивно е желна за втора сезона бидејќи сака одговори на прашањата кои останаа неодговорени - истакна Кристофер Кејзер, креатор на серијата.

Извор: index.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава