Постојат многу алармантни причини зошто авион би можел среде лет да сврти и да се врати назад, но за еден авион на компанијата „Џет2“, кој тргнал кон Тенерифе, причината била една неочекувана вонредна ситуација - снемало вода за правење чај и кафе.
Поради овој голем проблем за Британците, авионот кој полетал од Глазгов морал да скршне од главниот пат и да слета во Манчестер. Авионот веќе бил над Ирска кога свртил и се вратил назад кон Велика Британија.
- Имаше технички проблем со вода во авионот. Немаше вода за чај и кафе - истакна портпарол на „Џет2“.
При слетувањето авионот бил пречекан од пожарникарски возила, што е мерка на претпазливост во итни случаи, а патниците брзо биле префрлени во друг авион за да го продолжат патувањето.
Иако многумина во Велика Британија имаа разбирање за овој итен случај, не сите патници беа смирени. Една патничка дури и изрази сомневање на
социјалните мрежи дека водата била причина за враќањето.