X
 14.02.2022 Живот

Како изгледа внатрешноста на луксузниот приватен авион на Илон Маск?

Приватниот авион на претприемачот Илон Маск е во центарот на вниманието последниве недели. Причина за ова е 19-годишен студент кој го следи движењето на авионот и објавува податоци за неговата локација на „Твитер“. Маск одбил да му плати на студентот 50.000 долари за да престане да го следи.

Авионот што го користи Маск е „галфстрим Г650ЕР“, авион за бизнисмени кој има технологија за следење. Профилот на „Твитер“ на кој се објавуваат податоци за локацијата на авионот ја користи оваа технологија постојано да го следи движењето на авионот на Маск. Почетната цена на овој авион изнесува 66,5 милиони долари.

Тој може да лета повеќе од 13.840 километри без да направи пауза за гориво. Маск поминал речиси 260.000 километри со авионот само во 2018 година. Авионот лета со брзина од над 1.000 километри на час.

Во авионот има место за 18 лица и може да се приспособи да има посебен простор за работа, јадење, забава и релаксација. Авионот има 16 прозорци, а до секој прозорец има седиште кое може да се претвори во кревет.

Во продолжение следува видео кое покажува како изгледа внатрешноста на овој авион.


Извор: Luxury Launches
Фото: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот