X
 04.01.2015 Живот

Моќни прашања што секој треба да си ги постави

Прекрасната книга „A Christmas carol“ од Чарлс Дикенс отсекогаш била основа за бројни филмови, особено често прикажувани за време на новогодишните празници затоа што празниците се време кога размислуваме за нашите постапки, иднината, а многу луѓе новата година ја доживуваат како нов почеток и момент кога треба да направат некои промени.

Тука се враќаме на познатиот англиски писател. Всушност, многу помалку позната, а подеднакво моќна техника е „The Dickens Process“ од Ентони Робинс, која се потпира на споменатата божиќна приказна - техниката се состои од седум прашања и ни овозможува да погледнеме во нашите животи и да направиме промени пред да биде предоцна.

1. Визуелизирајте како моментално изгледа вашиот живот. Какво е вашето здравје? Кое е нивото на вашата енергија и мотивација?

2. Сега размислете како ќе изгледа вашиот живот за 5 години доколку не промените ништо. Некои работи сепак се промениле. Вие сте се промениле. Која е цената што би ја платиле во сите области на вашиот жвиот доколку продолжите вака? Дали вреди вашиот живот за тие цени?

3. Сега сте уште 5 години постари, а не сте промениле ништо. Како изгледа вашиот живот?

4. Поминуваат уште 5 години, односно 15 години од денешниот ден. Што гледате, како изгледате кога ќе се видите во огледало? Што луѓето зборуваат за вас? Навлезете целосно во тоа чувство и останете во иднината некое време. Дали тоа е иднина каква што сакате за себе?

5. Сега размислете дека сето ова беше сон и вратете се во сегашноста. Кои се работите кои сакате да ги оставите онакви какви што се, а кои работи сакате да ги промените?

6. Замислете како ќе изгледа иднината доколку сега ја започнете промената.

7. Донесете одлука што ќе направите уште денес, која ќе ве одведе на тој пат. Направете план и започнете да се движите!
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот