X
 08.09.2017 Живот

Брутални вистини за животот: Не е секогаш важно само тоа што се случува, туку и како реагирате

Полесно е да се зборува за времето, спортот и за познатите личности отколку за стравот од смртта.

За жал, колку повеќе време се преправате дека вистините не постојат, толку повеќе време ќе поминете лажејќи се себеси.

Времето, а не парите, е вашето највредно богатство. Понекогаш треба да се насочиме кон бурата за да научиме да ја цениме светлината и да имаме страст за убавината на животот. Ова се бруталните вистини што треба да ги чуе секој човек.

1. Ќе умрете, а не знаете кога

Престанете да се преправате дека сте непобедливи. Признајте го фактот за сопствената смртност, а потоа почнете да го структурирате вашиот живот на позначаен начин.

2. Секој што го сакате ќе умре, а не знаете кога

Оваа вистина на почеток е тажна, но исто така ви дава можност да ги заборавите тешкотиите и повторно да воспоставите значајни врски со важни личности во вашиот живот.

3. Вашето материјално богатство нема да ве направи подобар или посреќен човек

Дури и ако имате среќа да ги постигнете вашите материјалистички соништа, парите само го засилуваат она што веќе претходно било присутно.

4. Вашата опсесија да ја пронајдете среќата е она што ве спречува да ја достигнете

Среќата е секогаш присутна во вашиот живот - треба само да се поврзете со неа и да ѝ дозволите да тече.

5. Донирањето пари прави помалку од донирањето на вашето време


Посветувањето на вашето време е начин да ја промените вашата перцепција и да создадете меморија за себе и за другите што ќе трае вечно.

6. Не можете да го усреќите секого - ако се обидете, ќе се изгубите себеси

Престанете да се обидувате да ги задоволите луѓето и започнете да ги почитувате вашите вредности, принципи и автономија.

7. Не можете да бидете совршени, а држењето до нереални стандарди ќе ви предизвика страдање

Многу перфекционисти имаат непопустливи внатрешни критичари кои се полни со бес и самоомраза што ги разјадува. Борете се против тој негативен глас, зајакнете ја вашата интуиција и започнете да ги предизвикувате вашите нереални стандарди.

8. Вашите мисли се помалку важни од вашите чувства, а на вашите чувства им е потребно признание


Интелектуалното размислување преку вашите проблеми не е толку корисно како што е корисно изразувањето на чувствата и создавањето на тешкотиите.

9. Вашите акции зборуваат погласно од зборовите


Бидете одговорни и преземете акции што ја зголемуваат позитивноста и љубовта.

10. Вашиот успех и вашите достигнувања не се важни на смртната постела

Кога ќе дојде време да заминете од оваа реалност, нема да размислувате за вашите достигнувања, ќе мислите на врските што сте ги создале - па започнете да се однесувате соодветно.

11. Вашиот талент не значи ништо без постојан напор и практика

Некои од најталентираните луѓе во светот никогаш не се преселуваат од подрумот на нивните родители.

12. Сегашноста е единственото време што е важно, затоа престанете да ја трошите размислувајќи за минатото и планирајќи ја иднината

Не можете да го контролирате минатото, и не можете да ја предвидите иднината. Единствено можете да ја контролирате сегашноста.

13. Никој не се грижи за тоа колку е тежок вашиот живот, а вие сте авторот на сопствената животна приказна

Престанете да барате сожалување од луѓето и започнете да создавате животна приказна што би сакале да ја прочитаат.

14. Вашите зборови се поважни од вашите мисли, па започнете да ги инспирирате луѓето

Зборовите имаат моќ да угнетат, повредат и усрамат, но имаат моќ и да ослободат и инспирираат - започнете да ги користите мудро.

15. Инвестирањето во себе не е себично, туку највредното нешто што можете да го направите


Треба на себе да ставите гас-маска за да ја спасите личноста што седи до вас.

16. Не е секогаш важно само тоа што се случува, туку и како реагирате

Обучете се себеси да одговорите на начин што води до подобар резултат.

17. Треба да ги подобрите вашите односи за да имате постојана среќа


Односите имаат поголемо влијание врз вашата благосостојба и среќа отколку вашиот приход или вашата професија, па затоа дајте ѝ ги на вашата врска вниманието и работата што ги заслужува.

18. Задоволството е привремено и минливо, па затоа изградете констелација

Не задоволувајте се со зголемување на егото кога можете да го одложите задоволството и да доживеете длабоко исполнување.

19. Вашата амбиција не значи ништо без дејствување - време е да започнете со работа


Ако сакате да го промените светот, тогаш започнете да го менувате!

20. Времето е вашето највредно богатство - треба да поставите приоритети за тоа како ќе го поминете


Вие ја имате моќта и одговорноста да одлучите што ќе правите со времето што го имате, па затоа одлучете мудро.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот