X
 13.09.2015 Наука

Кинеските доктори се подготвуваат за првото пресадување на глава

кина

 

Италијанско - кинески тим планира да ја изведе првата трансплантација на глава во Кина.


Рен Сјаопинг, се надева дека заедно со неговиот италијански колега Серџо Канаверо ќе ја изврши операцијата за две години и вели дека сега засега се` се одвива според планот.

„Ако секој чекор пред операцијата се одвива непречено, операцијата ќе биде направена до 2017 година“, вели тој.

За операцијата се пријавил Рус Валериј Спиридонов кој пати од Вердинг-Хофманова болест, поради што е неподвижен. Рен вели дека операцијата треба да се направи на Медицинскиот универзитет во Харбин.

Тој одби да каже од каде ќе биде набавено телото за оваа комплексна процедура. Инаку, високата побарувачка за органи во Кина и хронично нискиот број на донатори предизвикаа затворениците осудени на смрт да се главниот извор на органи.

Кина ја забрани трговијата со човечки органи во 2007 година, но поради големата потреба за трансплантација, во оваа земја се проширува нелегалната трговија и присилните донации.

Кинезите одбиваат да се пријават на листата за донатори поради верувањето во реинкарнација, за што, според традицијата, потребно е целото тело.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука