X
 13.03.2016 Наука

Зошто имаме чувство како да паѓаме пред целосно да заспиеме?

Конечно после напорниот ден легнувате во кревет и започнувате да тонете во сон. Но, одеднаш ненадејно станувате бидејќи имате впечаток дека започнувате да паѓате. Кои се причините кои ја предизвикуваат оваа појава?

Ова прашање е едно од најчестите поставувани на „Google“, па сите што се љубопитни тука ќе го пронајдат одговорот.

Невообичаеното ненадејно движење е феномен наречен хипнагошка состојба, која претставува преоден период од будна состојба и сонот. Соодветно на тоа, ненадејното тргнување се нарекува хипангошко тргнување. Тоа е миоклонус, односно брзо, неволно движење на мускулите.

Додека потонувате во сон, два различни мозочни системи ја носат својата улога во рамнотежата за да преминете во безсознание.

Еден од нив е системот на ретикуларно активирање (RAS). Оваа мрежа на клетки се наоѓа подолу од церебралниот кортекс и помага во задржувањето на будната состојба. Другиот е вентролатерално преоптичко јадро кое се наоѓа во долниот дел на мозокот кој го контролира сонот.

Научниците веруваат дека овие два системи се борат за превласт тогаш кога вие паѓате во сон. Во тој момент исто така се намалува нивото на серотонин за сите мускули во телото да можат да мируваат. Сепак, тоа не влијае врз најмалите мускули како што се оние околу очите или зглобовите, предизвикувајќи цело тело да може да се тргне.

Според други теории станува збор за еволутивен атавизам - станува збор за систем кој ги правел мајмуните безбедни кога на дрво заспивале.

Оваа состојба најчесто се јавува кај деца, но ја доживуваат повеќето луѓе. Сепак, луѓето најчесто не се свесни бидејќи длабоко потонале во сон во моментот на тоа паѓање. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука